не дека е кујзнае каков проблем, но ми треба стварно совет
еден близок другар ми предложи да ми мести некој негов другар и ајде ми покажа слика си викам океј е нека ме запознае па да видиме што ќе се случува и се договоривме кога ќе искочиме ако ми се засвиѓа да го праша шо мисли за мене и сега се искочивме сите тројца, седнавме во кафич си правевме муабет со неговиот другар се беше ок супер, фин беше ми се допадна овака и ме испратија до негде и они двајца си продолжиле накај дома и сега мојов другар го прашал каков впечаток сум му оставила? и овој рекол па добар впечаток ми остави, добро девојче е, и после го прашал а дали ти е симпатична? и овој му рекол дека сум симпатична, добра женска сум била требало некој да ме фати, и секако кога ова ми го пренесе другаров ќе летнев од возбуда онака од прво среќавање ваков впечаток и му реков на другаров да му пренесе дека и мене ми оставил овој многу добар впечаток и другаров пренел и тоа било се, јас го аднав прва на фб ме прифати но не се допишуваме, е сега пак ќе договори другаров да искочиме се надевам ќе биде деновиве, и вчера и денес го одби за искачање неговиов другар бил договорен со некој друг
е сега како да пристапиме до другаров да му каже на овој дека ми се допаѓа без да е нападно и форсирање?
и како некако да дознае дали ме свиѓа?
што мислите дека е во ред за ова напишете
Колку што сфатив се имате на фејсбук, не мора да бидете толку горделиви и да не си пишувате...
Пиши му сериозно и искрено, директно дека ти се допаѓа, не мора преку другар да одите. Јас така би постапила а и постапувам додуша.
Кога некој ми се допаѓа, едноставно ако го имам и на фејсбук, па јас тоа ќе му го кажам. Па шо сака нека си мисли, ќе го замарам, но не толку и самата ќе си видиш што всушност тој мисли, ако му се допаѓаш нормално зборете си, комуницирајте, но ако не... Едноставно ќе се тргнеш на страна и никому ништо. Ќе си осетиш самата и нема потреба „другаров“,да го испозамарате. Пиши му, нема врска тоа што си женско и ако му пишеш прва, голема работа. Види што ќе ти врати, експриментирај си со букви малце... Не чекај од никој друг за да направи да ти биде убаво.