Искрено, ти мене ми стоиш како мој другар, битно да најдам некоја и да е убава, друго ништо не е важно. Си пишал 'дали сака нешто да има со тебе или нека си брка работа' чекај, значи не те ни познава, како може да кажиш такво нешто? Освен ако не е некоја луда, не гледам како би ти пишала на фејсбук ајде сакам да имаме нешто. Смени си го однесувањето. Поштена девојка во парк навечер? (си пишал сите пијани а во парк девојка не можеш да најдеш, сигурно се пијани навечер а не денски). Освен ако не е со дечко и, не гледам шо мајка ќе бара таму сама па и со другарки у парк навечер.Те разбирам што сакаш да кажеш алии не имам самодоверба во менее али ретко да најдеш некоја во паркк сите цути полупијани у кафичии а фејзбукот ти зачувува време ќе видиш одма дечко има нема инфо ке си размените и ке знаеш дали ке сака нешто да има со тебе цурата или нека брка работа фала за текстот и сите што одговорија поздрав
Работата со тебе е сакам убава за да се фалам. Ако е осаменост или желба за нешто друго ќе се снајдеш. Ама не, ти сакаш некоја со лајкови, некоја шо постира сто селфиња на ден. Зошто на пример не се обидеш да и пријдеш на некоа во библиотека? Или еве во кафетерија, денски. Не мора да е навечер. Не може да ме убедиш дека сите се полупијани у кафич на сред бел ден. Ама не, на таа некоја која седи во библиотека не и се цицките извадени и не си сигурен колку лајкови има не фејсбук. Уствари знаеш што, обиди се. Последниот пат (у мај) кога бев у читална имаше неколку девојчиња со секси маички. Еден познајник така се запозна со женска му. Како шо знае да каже: Не одат сите у читална за да учат, некои одат да си фатат женска/дечко, други за интернет, трети за нешто трето.
Само отиди у читална. А и не верувај толку се што ќе видиш на фејсбук. 90% од 'лепотиците' на фејсбук, да ги видиш во живо ќе фатиш да бегаш.
Смири си ги хормоните, дружи се почесто денски ако мислиш дека навечер сите се пијани, не се форсирај да најдиш некоја, опушти се и љубовта сама ќе ти дојде. Не ја знаеш таа од фејсбук каква е на карактер. Биди со некоја што ќе ја запознаеш на карактер. Секоја може да ставе шминка и да облече минич и да се направе цакум пакум да те натера да падниш у несвест. Не секоја може да те освое со топлината на нејзиното срце.