Зошто не можиш да и се удвараш преку фб. Најгрд можен начин на додворување. Имам таков другар шо пишува здр на секоја згодна женска/женска шо извадила цицки. Нормално дека ќе ти прати сиин. Прво, не е ова мирц па да си пишиме здр, асл, како си шо прајш. Сите нормални девојчиња, претпоставувам, посакуваат да им се удварат у живо а не како плачипичко на фејсбук. Сфаќам немаш доволно самодоверба и сето тоа океј е, ама фејсбук не е начин. А посебно кај тие како што кажуваш ти што имаат по милион лајкови и уште толку додворувачи во живо, зошто би сакала макар и да пишува со некој на кој му е срам да и пријде? Од искуство, девојчињата повеќе сакаат машки со самодоверба, шо и одат директно во фаца, флертуваат отворено и се прават незнам какви џамбаси. Можеби не и се допаѓаш, можеби има љубоморен дечко, има триста работи зошто не ти враќа. Имам познајничка, шо отворено си кажува дека глуми 'недостижна' и ако некое машко и пише, чека саат време да му врате зошто глуме 'недостижна'. Претпоставувам дека ти претпочитуваш таков тип на девојки, со многу лајкови и она шо викаме mean girls. Обиди се на поинаков начин. Можеби искоментирај и нешто смешно на некој нејзин статус, натерај ја да се насмее, провоцирај ја во позитивна смисла, ако веќе те срам да и пријдеш во живо. Којзнае, можеби тогаш она ќе ти пише тебе и ќе ја заинтригираш. Ако ме прашуваш мене, подобро пријди и во живо, запознај ја, флертувај, ама не премногу нападно зошто се што е во преголема доза е ружно. Насмеј ја, девојчињата сакаат кога машкото ги тера да се смеат. Барем сега со интертнетов можеш да научиш и шеги и понашање и став и се. Е сеа, добро има и такви умислени шо може да те затнат со 'Имам дечко, не замарај' или да ти се исмеат у фаца, можеби и брзо ќе почнат да те игнорират. Ама не се плаши, сите сме поминале низ тоа. Има доста фини девојки спуштени на земја шо ако му пријдиш дури и они ќе те замуабетат така да ќе изгубиш осет за време.
Плус, искрено речено здр пишување е малку манијачки настроено. Мислам, ако ја познаваш си немате прозборено ни два три збора а пишиш здр, ми е малку безвезе. Само со лајкови и здр шо си како си, е прилично старомодно, досадно и безвезе.
Може за популарноста океј, повеќето преферираат дечки шо имаат голем круг на пријатели. Ама за ајфони и плаќање пијачки, не се сложувам. Можеби има и такви, ама девојче кога ќе се заљуби не и е гајле колку имаш во џебот. Имам познајник-кретен шо имаше прекрасна женска која му плаќаше од пијачки па се до такси за дома. Поука, поткрени си ја самодовербата, пријди и во живо па што биде нека биде. Само немој да и отидеш на маса и како еден познајник да и кажиш 'Ми се свиѓаш' тоа е исто малку wtf. Разговарај со неа, остави ставот да и даде до знаење дека те привлекува. И еве десет минути го пишам постов, доста е
Биди ми поздравен, и со среќа