Не е работата дали и кога е рано/доцна.
Финтата е што Македонец во моментот мисли дека после оваа потоп.
За да не биде потоп, најдобро решение е да ја избришеш од секаков контакт. Те опструира, лажни надежи, идолизирање на нешто што мислиш дека ти е многу блиско но во права смисла има уште многу место за истражување кое за некои околности не можеш да продолжиш понатака. Стигаш до рампата каде мислиш дека е крајот и дека дотука е доволно да ја познаваш неа, но има уште многу многу понатака. Но рампата не се крева и ти не можеш да одиш понатака. Тоа попопуларно се вика friendzone иако на друг начин би се протолкувало фино удирање корпа од женската страна. Затоа што си и` потребен за да и` правиш его буст кога и` е лошо, но не сака да има ништо со тебе бидејќи за разлика од кај неа, кај тебе нема рампи и она те има можност да те истражува до најдлабокиот дел од твојата душа, што и го прави тоа, но не наоѓа нешто повеќе да се сврзе со тебе во некаква машкоженска врска. Значи освен твојата отвореност да и` пружиш буквално секаква поддршка, друго не и` е компатибилно со нејзините побарувања. За да не ја злоупотребува твојата отвореност, треба да се дистанцираш од неа. На било каков начин, со било каква помош од блиските. Некој ќе ти даде поддршка, со друг ќе искачаш за да бркаш нов плен, по дома ќе те трпат со твоето драматично расположение, но тоа е... животиште. Да не се повторувам, од клучна важност е да излегуваш надвор и да запознаваш нови луѓе. Ако немаш такви околности (мало место) можеш и виртуелно, стави се во некои сигурни чет места и праи муабет со девојки, машки од секаде низ светот онака чисто од забава. Ќе видиш дека работите не се вртат околу една едина ствар, дека животот иде даље и без да те праша дали целодневно си го гувиш времето трескајќи си ја главата од земја. Што побрзо го осознаеш ова, тоа помалку ќе се нервираш подоцна. А ќе осознаеш. Со време, за секој различно.