Од што имате фобија?

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Не дека е нешто срамно да се оди на психијатар ама џабе ти е, нема да ти помогне. Ќе си зборувате разни работи, ти него животот ќе му го раскажеш а тој тебе ќе ти каже исто што и дома би ти кажале, џабе си отишол значи. Јас сум бил и кога му кажав дека спорт гледам, почна за фудбал и кладилница да ми зборува и така цело време, ама добро барем добри типови ми даде. :)


Како ќе му помогне темата?
Еве и јас сум како него, два пати ја читам темата и сеуште сум нерасположен. Тв не гледам, окупиран сум ама џабе, секогаш кога ќе почнам нешто не го завршувам зашто се нервирам. Ај да видам што ќе ми помогне. :)
Најпрвин треба да си помогнеш сам за да ти помогнат и другите.Во темата убаво си пишува дека човек сам на себе си е најголем непријател.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Ditto+Maker

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Најпрвин треба да си помогнеш сам за да ти помогнат и другите.Во темата убаво си пишува дека човек сам на себе си е најголем непријател.
Ако си помогнам сам, како може да ми помогнат другите?
Тоа дека човек е сам на себе непријател го знам не ми треба темата. Значи јас како што сум негативен цело време, нема спас за мене. :)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Ако си помогнам сам, како може да ми помогнат другите?
Тоа дека човек е сам на себе непријател го знам не ми треба темата. Значи јас како што сум негативен цело време, нема спас за мене. :)
Треба изгледа упатство за употреба на животот да имаш :D
Ок твој избор,твој живот твоја ствар.Ако сакаш да ти биде полошо прави си да ти биде,ако сакаш подобро пак прави си да ти биде... се е во твојата глава.
(rain) (sun)
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Во последните два месеци немам никаква волја, се ми е сеедно, постојано сум нерасположен,чувствувам некаков страв(посебно кога ќе слушнам некои лоши вести) страв од болест имам ( кога ќе ги слушнам симптомите и мене како да ме фаќаат а сум опседнат со нив по цел ден) , а несакам да одам на психолог бидејќи ако некој разбере дека сум бил мислам дека би ме направил луд а знам дека не сум :p . имал ли некој друг вакви чувста и ако имал како се справил со нив

Хипохондрија, анксиозност, и така натаму. Секако дека не си единствен тие се чести појави и нивното постоење по никоја основа не е твоја вина. Симптомите знаат да бидат мошне исцрпувачки па и обична случка може да предизвика негативно расположение, опседнатост со таа мисла, дури и физичка манифестација во вид на панични напади. Сето тоа може да доведе до појава на депресија. И знаеш што? - Не си единствен. Затоа разговарај.
Најбитен е разговорот - оној со себе и со некој друг. На разговор со себе, мислам на самоанализа на проблемот. Зошто така се чувствуваш? Дали има некој настан или некоја личност што влијаела на некој начин? Кога најчесто се чувстуваат тие промени во расположение? Каков е нивниот интензитет? Што ги предизвикува? Како реагираш на истите? Пробај, размислувај на таа тема. Пробај да стигнеш до самиот корен на проблемот. На тој начин повеќе осознаваш за самата појава на тие чувства. Колку повеќе ги осознаваш - полесно ќе знаеш да ги препознаваш и да донесеш одлука дали се реални или не. Сподели го искуството. Доколку не можеш самиот, пробај со некој друг. Близок, психолог дури и странец кој е подготвен да те ислуша. Важно е да дискутираш на таа тема и да не бидеш аверзичен кон истата. Преку самиот разговор ќе сфатиш дека не си единствен и ќе увидиш дека многумина се имаат справено си истото. Избегнувањето само од себе повлекува и интензивирање на стравот. Дури оној страв од страв.

А што има толку лошо во посета на психолог? Дали сакаш да ти е подобро тебе или на некој ако разбере што ниту го знаеш, ниту го познаваш? За кого се подобруваш ако не за себе си? Не можеме да живееме изолирано, бидејќи секојдневно стапуваме во интеракција, едни со други. Справувањето колку што е индивидуална толку е и групна процедура.
За крај, не очекувај дека сето тоа ќе се промени наеднаш. Тоа е постепен и континуиран процес за кој верувам дека имаш сила и можеш да успееш.
 

-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
49
318
32
...од мрак, височина, лифтови, кога бев помала се плашев од хеликоптери и авиони, но со помош на психолог го надминав тој страв. Но овие ми останаа, 24/7 кај мене свети сијалицата. Од тераса кога гледам надолу, веднаш почнува да ми се повраќа и ми е лошо, ми се врти во главата. Така што јас алишта не сум испружила со години надвор. Никогаш не се качувам на лифт, два пати само и никад више, си реков. За малце што не сум паднала во несвест, се испотив целата за неколку секунди, срцето забрзано ми биеше и мислев дека секој момент ќе умрам. Душата ми се затвори. Срцето ќе ми пукнеше, многу неопишливо чувство. :) Имам 15 фобии,односн работи од кои што е плашам, но другиве ми се ситници. Овие ги сметам како најголеми, пошто не можам да функционирам нормално во секојдневието. Пример што ми се десило последно - се вработив на едно место,кога слушнав дека само со лифт мора да се иде до вториот кат,нема скали, приморена бев да напуштам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne