...фобија од лифтови, авиони, висина, темница. Случај кога бев во Германија, требаше да си дојдам дома ама од тој и тој Аеродром...
Арно ама подот од Аеродромот да ти биде од стакло и се гледа од стаклото дека чекориш на мн голема висина од долу.
Ме фати некој страв... Почнав да си правам филмови за секој мој нареден чекор, додека стигнав до Авионот.
Таму е се со лифтови, така што не сум можела да функционирам нормално, во најнормален маркет, бутици, трговски центри...
Јас морав да одам по скали... Додека сите нормални со лифтови си идеа...
Потоа ме фати некоја паника во Авионот, почнав да се потам и да тресам, треперам, некој страв што не можам да го оппишам, да ми се повраќа...
Но пребродив инаку. Затоа и си дојдов со Авион, да видам дали ќе успеам и ќе останам жива, а додуша и роднините многу инсистираа... Така што морав.
А ко помала се плашев од што ги гледав авионите како летаат, си мислев оти ме гледаат од горе и дека ќе пукаат во мене.
Пошто кога била војната некаде, сум била многу мала, излегов дома авионот беше спуштен многу ниско еден човек, војник шо го знам, држеше митролез во рацете, нишанеше кон нешто, ама не знам што. Јас тоа го видов и одтогаш ми остана стравот, свесна сум за тој момент, ден денеска од глава не ми излегува...
АМА НЕ МОЖАМ стравот ДА СИ ГО ТРГНАМ.