Од што имате фобија?

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
некаден пишав овде и пак ќе кажам,

од тесен простор, ќе ми излезе срцето, крај е со мене..дури и од многу тесна облека уфф...ужас
исто фобија имам од голема височина посебно на балкон да сум во некоја висока зграда, страв ме фаќа да не скокнам по грешка :ladno
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Од терасата моја пониска ограда не можеле да направат. Т.е не ми е страв од неа ниту па од височина ама кога ќе видам други на терасата (или на некои други високи места) па уште и да се потпираат на оградата пулсот до битпазар ми бега.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Од шефот,ако може тоа фобија да се нарече.
Ми се деси пред некој ден на работа.
Шефот седна до мене да ми објасни некои работи околу работата и да слушне како разговарам со клиентите,а јас во себе почувстував неворајтна паника.
Рацете почнаа да ми се тресат и потат,се изгубив комплетно,срцето мислам ќе ми излезеше и почуствував како целото тело ми се тресе.
Се обидов да се концентрирам на моабетот кој ми го правеше тој,ама толку ми беше непријатно што едвај чекав да си оди.
Сега,секој пат кога ќе приметам дека е во моја близина добивам паника.Несвесно сум концентрирана на тоа случајно да не се појави од некаде.
А морам да работам со него,сакала не сакала.
Финтава е што е ептен кул и не знам зошто таква реакција на паника од моја страна.
Размислував да му кажам што се случува ама пак и глупаво ми е пред шефот да се отворам.
А,на друга страна на тој начин ќе мора да се соочам со тоа чувство,не можам вечно да го избегавам.
Или?
Да го викнам екстра да ми покаже нешто,а внатрешно да се програмирам на соочување без да му кажам било што?
Истото чувство на паника ми се случи еднаш на автопат при возење кола.
Не сакав да бегам и да дозволувам да владее со мене па за инат го предизвикував и нон-стоп возев на автопат се додека не исчезна.
Но сега е шефот во прашање и работата со него.
Како и да е нема бегање.
Соочување.Трето нема.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Па може да се каже од темница, но само ако одам во подрум навечер и некогаш во тоалет. Малку имам фобија од неуспех( ама малку) :eekи од помислата дека некој ме следи навечер кога сум излезен.:ladno
А, и дека на некого кого прв пат го гледам ќе му останам во сеќавање како зол човек.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Па може да се каже од темница, но само ако одам во подрум навечер и некогаш во тоалет. Малку имам фобија од неуспех( ама малку) :eekи од помислата дека некој ме следи навечер кога сум излезен.:ladno
Во тоалет не уклучуваш светло? :eek