Од шефот,ако може тоа фобија да се нарече.
Ми се деси пред некој ден на работа.
Шефот седна до мене да ми објасни некои работи околу работата и да слушне како разговарам со клиентите,а јас во себе почувстував неворајтна паника.
Рацете почнаа да ми се тресат и потат,се изгубив комплетно,срцето мислам ќе ми излезеше и почуствував како целото тело ми се тресе.
Се обидов да се концентрирам на моабетот кој ми го правеше тој,ама толку ми беше непријатно што едвај чекав да си оди.
Сега,секој пат кога ќе приметам дека е во моја близина добивам паника.Несвесно сум концентрирана на тоа случајно да не се појави од некаде.
А морам да работам со него,сакала не сакала.
Финтава е што е ептен кул и не знам зошто таква реакција на паника од моја страна.
Размислував да му кажам што се случува ама пак и глупаво ми е пред шефот да се отворам.
А,на друга страна на тој начин ќе мора да се соочам со тоа чувство,не можам вечно да го избегавам.
Или?
Да го викнам екстра да ми покаже нешто,а внатрешно да се програмирам на соочување без да му кажам било што?
Истото чувство на паника ми се случи еднаш на автопат при возење кола.
Не сакав да бегам и да дозволувам да владее со мене па за инат го предизвикував и нон-стоп возев на автопат се додека не исчезна.
Но сега е шефот во прашање и работата со него.
Како и да е нема бегање.
Соочување.Трето нема.