Расизам, национализам, верска нетрпеливост

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
И јас мислев така за ромите ама го сменив мислењето... Значи пред едно 10тина години беа за греови, немаа да јадат, живееа во куќи од кал, а дојди сега да ги видиш какви куќи имаат сите заминаа во Германија и мака си немаат, сега ние сме за греови. Премногу се поддржуваат еден замина и сите ги повлече таму. Немам ништо против национализмот најверната другарка ми е турчинка и неколку години гледав колку се мачи брат и со женските, конечно на една и дозволија да биде сонего, не направија проблем нејзините, секоја им чест. А на другарками само таткои е турчин, тие не ги ни тераат муслиманските адети, ниту одат во џамија, баш се нормални луѓето ама нашиов народот ни е прост, нецивилизиран :)

ма, до пред 10 године ги немаше нигде, сг да видиш какви фраери биднале, онј пут кт игра кошарку 3 цигани и 20 наши и они ми се праив курнази на мене ке се тепав сс мене, правив се главни, како се одржава тиај њини конгреси биднасва много силну па затој ги мрзу. Убаво си ќутесва сг су много јаки.
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
NE ME ИНТЕРЕСИРА ПОЛИТИКА,РЕЛИГИЈА,РАСА,КОЈ Е ШО Е,БИТНО ОК ДА Е СО МЕНЕ.НЕ Е:cenzuraМ ЖИВА СИЛА
 

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Не разбирам како сите вери шират мир а христијаните и муслиманите не можат да се поднесат. Се тепаме за безпотреба за цркви и џамии а храмовите треба да ги имаме во душата.(think) Не знам која е причината што ги тера да се мразат и да се презираат кога сите луѓе сме со исти потреби. Сакаме да бидеме среќни и да сме опкружени со љубов. Така да верувајте во што сакате, бидете дел од која што саката вера но не бидете фанатици и не дозволувајте да ви ги перат мозоците. Пред се бидете луѓе...помагајте, љубете, бидете хумани направете нешто корисно за себе и за околината, за да го спасиме светот и да живееме во мир...(inlove)

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and ShakaZulu

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Често се соочувам со дискриминација заради моето потекло, а и жиевам во населба затруена со национализам! :mad
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Се произлегува од една единствена работа, желбата на човекот за моќ , за владеење, за контролирање на другиот. Сите овие поими како такви се измислени од човек. Постои една едноставна мисла -вели : Контролирај ја масата ќе контролираш се. За мене лично да бидеш радикален но во негативна конотација е да се определиш да бидеш уште една овца која што ќе ја стрижат. Овие вештачки творевини во општествата и маргинализирањето околу нас се уште еден доказ за крволочната природа на Човековиот поредок. Пари , моќ , контрола, Пари , моќ, власт.....Некако се се свртело околу тоа што ден денес , човекот не знае да биде човек. Знае да биде директор, знае да биде амбасадор , банкар, милионер, бизнисмен....Знае да биде се што ќе носи профит , се што ќе го ојачува џебот на големите корпорации ( главните експлоататори на трудот ) но не знае да биде критички ум , незнае да биде едно со природата, незнае да биде Мир , не да се крие под маската на миротворецот туку самиот тој да биде мир. Можеби на прв поглед мојот став би се чинел погоден за некоја друга тема , но за жал драги мои тоа е цел синџир за стопанисување со човечкиот ум ....драго ми е само кога ќе видам или слушнам некоја личност фала богу има многу такви каде што свеста ги надминува сите граници и сите можни определби и обојувања ....и секогаш би ги поддржувала сите оние за кои не постојат вакви или онакви , сите оние кои што сакаат мир и љубов , сите оние кои што сакаат нивните деца да живеат во подобро време во кое што би се јачал човечкиот ум за да создава и да го подобрува овој свет а не да го уништува и ослепува и она малку што го имаме..


П.С. Јас се извинувам може забегав малку од темата ама тоа почувствував дека треба да го напишам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin, Solstice and malo

Diamond

Полноправен Член
13 октомври 2012
33
23
8
На секого треба да му се даде шанса да се запознае. Ако е за тоа и нашиов народ има некои општи карактеристики па заради тоа треба да бидеме дискриминирани? Сите си имаме еднаква шанса да бидеме различни и тоа не е ограничено од местото каде што сме се родиле. На крај краева, од каде ке знаеш какви се потекла имаш, кога во исторријата има премногу мешања на народите. Можеби баш дел од тебе е тоа што го мразиш.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Верата не делела,нацијата не делела,расата не делела,класата не делела,населбата не делела,градот не делел,општината не делела,влезот не делел.
А уствари од сите овие,не не дели ништо.
Мозокот не дели,некој го користи и сфаќа дека сме сите луѓе,некој не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and melpomena

Furby

Полноправен Член
26 јуни 2013
96
92
18
33
Јас на сите му кажував дека сум марсовка по националност( ко од марс падната) и дека се шо гледам е дека секој ден се разденува и стемнува и сите ме сметаја за будала .
И за да се смени то , се преправам дека сум иста ко нив , не дека мислам исто ко нив , ама ми се смачи да му го откривам универзумо , и на нивните смрдливи коментари и нечовечки само си почутувам оти ми се смачи да му објаснувам колку се тесни во мозоко и дека шо и да се и нив еден ден че ги јада црвите в гроб оти нема да се смена и неам друга опција освен игнор или в лице да му се смем со некој саркастичен коментар .

Од друга страна , сакам да си живем со сите , ама како ,на пример со албанциве , проблемо е шо знам дека секој од нив би го запалил знамето на земјата од кај шо го јада лебо , и ги гледаш полни се со албански знамина , ако нека му стој , ама ако сака соживот оти не го кла македонското знаме до албанското туку само нивното , тие се тие шо сака да се дела и не ми е јасно како можа да не го кла знамето на државата во која цел живот растеле .То е то шо го мислам за нив и секош че го мислам, не ги мразам ама не можам да не чуствувам револт према нив.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас себеси се декларирам како националист, иако, поголемиот дел од луѓето имаат погрешно разбирање за самиот поим.
Да си националист значи да си ја сакаш нацијата, земјата, народот, и тука не гледам ништо погрешно. Кога национализмот преоѓа во лудило, се нарекува шовинизам (мразење на други нации во овој случај).
Имам верска нетрпеливост према сите религии, исто %*@*##% се според мене.


Нема универзална дефиниција за поимот национализам.
Она што за тебе е сакање на земјата за некого е закана и обратно. Твојот национализам за некого е шовинизам.
Грчкиот патриот, let alone националист сосема искрено смета дека `скопјанците` му ја крадат историјата и традицијата и дека имаат територијални претензии. Иако тоа не е точно, не го спречува гркот да си верува во тоа и да си ја сака својата си држава и да не ги сака оние кои ја `загрозуваат`.
Македонскиот патриот си има дома слика од `обединета Македонија` искрено смета дека гнасниот грк ја окупирал беломорска македонија и ако некогаш стапи во било каква интеракција со наведениот грк ќе смета дека се работи за тежок национал-шовинист со фашизоидни склоности :D

Тоа и ќе остане така се додека луѓето не научат да се социјализираат во заедници кои самите ги избрале, по природата на своите интереси, склоности, преференци, професии, опипливи работи кои ќе се со бенефит и за индивидуалецот и за групата во која доброволно членува.
Интернетот до некаде е таков пример, но и тоа не е нешто посебно, no future for free association.:(

Она што не се сфаќа се поимите за држава, нација, етникум, прашањата за валидноста на т.н. историски континуитет, митоманијата и слично...

А за расизмот...што да се каже.
Обично вирее во мозоците на некаква си радикална десница, неонацистички организации, скинери и кај лица на кои менталниот склоп им е еквивалентен на оној на шољата за кафе. `Официјализиран` бил во 19.век кога роднината на Дарвин, Галтон ја основал Еугениката како псевдо наука за пожелноста на постоење на одредени раси. Таму е и коренот на подоцнежните нацистички срања и расни политики...
Колку зло има донесено на човештвото е веќе излишно да се пишува.

Биолошки, мешањето на расите е пожелно поради поголемиот генетски фонд кој се меша.