Ох, да се само овие.
Кога дојде време луѓе од иста раса, вера и националност да се нетрпеливи спрема себе и да се делат на класи и под-класи, што останува за другите? Повеќе се сега на лична основа, владее некоја пуст престиж да се покаже појак ташак.
Религијата ти е најлесна манипулација за поттик на верска нетрпеливост.
Демократијата го носи национализмот. Ти дава слобода да си го избереш диктаторот, а потоа истиот си го насочува својот интерес на тоа да ти ги наметне тебе неговите идеи против оние кои му се од интерес, а народот си чука груда дека тој е оној што го избрал владетелот и дека владетелот сето тоа го прави за доброто на народот. Магично кругче на безкичмењаци.
Расизмот за жал уште не е искоренет, уште постојат фаци кои веруваат дека бојата на кожата ја носи човечноста.
Жална ми е темава. Ем роб, ем лош. Демек така заслужил оти имал боја различна од „аристократската.“ Дебилизми.
Од сите наведени, може да кажам дека сум до степен националист, т.е. како што е споменато погоре, едно е да си националист, друго шовинист. Јас ги мразам сите соседни држави. Посебно Грците и Албанците т.е. Косоварите, но не значи дека и во нивни редови нема некој што може пред се’ да покаже дека е човек.