Расизам, национализам, верска нетрпеливост

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Не пишувајте попусто.
Не постои јасна граница меѓу патриотизам и национализам.
Некој кој смета дека Букурешкиот договор бил неправда и поделба на природната си Македонија никој не го гледа како националист во РМ. Но во Бугарија, Србија и Грција тој истиот патриот ќе го сметаат за националист.
Некој можеби ќе каже `историјата е на наша страна! мие сне во право!`....и ќе се излаже...

Исто и некој србин кој смета дека Косово е светата српска земја...
Па шиптарите со нивната `природна` Албанија...


Како што објави државната телевизија и пресветиот Ниче Македон, Бог е маќедонец и се смилува да се јави на МТВ-1 и да објасни дека створил три раси, маќедоноиди, негроиди и монголоиди.:patos:patos
Што значи дека белата раса е маќедонска раса. Целата бела раса носела `маќедонски ген` (!?).
Да го прашаат Ничета не верувам дека ќе каже дека е националист. Само патријот.

од 04.15 натаму е врвот...:D
 
  • Like
Реакции: Big Berta

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
430
886
1,103
Вот тој случај го ставам во ист кош со религијата. Затоа што и величењето на мојот бог може да доведе до тоа да ги сметам за инфериорни према мене оние со различни верувања од моите, а истото може да доведе и до омраза.
Според мене ако национализмот не е ОК, тогаш и религија не е ОК.

Не се декларирам како националист или патриот, ниту пак сум религиозна, ниту полна со омраза и стереотипи, да не се сфатиме погрешно.
Ништо лошо да човек биде религиозен според мене до моментот кога тој ќе почне да убедува други дека неговото е она вистинското и САМО ТОј ја има одбрано вистинската религија и почне да им проповеда (читај замара или тупи) на другите дека тој има ексклузивно право да биде во таа “про“ религија и другите треба да појдат кај него или да “умрат“ ако не сакаат... истото е и со нацијата, ние сме најдобро а другите “УААААА“ убиј го , понижи ги , маргинизирај ги... Точно е дека она дека во сопствени очи “ние“ сме си домољубци а другите не гледаат како националисти но разликата е во тоа што по мене ти можеш да го сакаш своето но не треба да го понижуваш туѓото...
 
  • Like
Реакции: Primrose

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Проблемот е - кое е тоа `своето`.
Рандом песна македонците ја сметаат на македонска а бугарите за бугарска. И едните и другите си го сакаат своето и ги обвинуваат другите дека им го крадат фолклорот.
Луѓето си го сакаат своето, егејска Македонија бидејќи ја сметаат за своја ама ете....некој ја украл, некогаш.
Четниците си го сакаат Дубровник оти бил древен српски град кој им го украле клетите усташи...

По автоматизам, сакање на `своето` вклучува и сакање на `неправедно одземените територии на нашите претци`. И нормално веднаш се ствара анимозитет во најмала рака кон оние кои `го одзеле` ...`нашето`...

Од друга страна е интересно прашање околу перцепцијата.
Правно, се знае што е `свое`, на кои работи може човек да полага право на своина.
Да се смета некоја песна за `своја` од страна на човек кој ниту ја напишал, ниту бил роден кога била напишана, ниту било како учествувал во нејзино создавање....е забегано.

Не се смета за лудило затоа што е општо прифатено. Консензус на реалноста.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Еве како балканската раја гледа на своите `природни` држави, вклучително и она кое некој некогаш наводно им го одзел...

Грција -


Бугарија -



Македонија -



Романија -



Албанија -



Хрватска -



Турција -



Србија -



Унгарија -



И бонус - повторно Србија -

 
  • Like
Реакции: MoonFairy