Расизам, национализам, верска нетрпеливост

Furby

Полноправен Член
26 јуни 2013
96
92
18
32
Благодарам, но повеќе ме интересираше кој како го разбира, не како копиран од википедија текст.

Јас како го разбирам тогаш да ти кажам.....
Национализам , ме асоцира на нација , а нација ме асоцира на народ , кој е посебен од другите народи и се разликува од другите народи , со друг јазик , обичаи ,навики, религија , закони , територијални граници .......
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
^А мислиш дека има лошо во тоа да имаш свој јазик. култура, обичај (се додека не мразиш некој поради тоа што неговите јазик, култура и обичаи се различни од твоите)?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

Furby

Полноправен Член
26 јуни 2013
96
92
18
32
^А мислиш дека има лошо во тоа да имаш свој јазик. култура, обичај (се додека не мразиш некој поради тоа што неговите јазик, култура и обичаи се различни од твоите)?

Мислам , и не го сакам тој шо ми го негира тоа право во мојата сопствена држава.
Дали ти мислиш дека не треба да мислам вака и треба да го сакам тој шо сака да ми ја уништи државата и да си ја припои кон неговата ?
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Дали ти мислиш дека не треба да мислам вака и треба да го сакам тој шо сака да ми ја уништи државата и да си ја припои кон неговата ?

Никогаш никому не би му рекла 'не треба/не смееш да мислиш така'. :D
И мислата е твое право.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Furby

Furby

Полноправен Член
26 јуни 2013
96
92
18
32
Никогаш никому не би му рекла 'не треба/не смееш да мислиш така'. :D
И мислата е твое право.

Еееее ама ми рекоја дека треба да се страмам од вакво мислење бе:^)

Дали имаш ти некои антипатичности кон некоја нација ?:cenzura :x
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Дали имаш ти некои антипатичности кон некоја нација ?:cenzura :x
Кон нација никогаш сум немала антипатичност.
Имам кон некои луѓе од други причини, не поради нација, религија или било што наметнато од општеството, туку поради нив самите што се ѓубрина во душата. Истата се трудам да ја немам. (wasntme)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Furby

Furby

Полноправен Член
26 јуни 2013
96
92
18
32
Peace & Love for everybody (flower) колку е поубо мото отколку некоја парола на патриотизмо :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Глупаво е да имаш предрасуди и да мразиш луѓе само поради работи со кои не труе политиката.
И јас ги мразам тие луѓе што си дозволиле да направат војни и да убиваат недолжни луѓе, а поготово деца, ги мразам од дното на душата, ама не поради тоа што се албанци, босанци или грци него поради тоа што се нелуѓе. Би ги мразела и да се македонци, па и да ми се и родители.
Имала албанско знаме на профил, кога се скарале се испотепале или не знам што. Божем ние знамето на Зимбабве го имаме по профили и кога ќе се испокараме се частиме со еклери.
Исти сме сите, само кога омразата ти е насочена кон некого се разбира дека ќе му најдеш маани и грешки.
Никогаш не сум ги делела луѓето на црни, жолти, црвени или зелени, албанци, роми, срби или грци.
Ги делам на луѓе и нелуѓе. Добри и лоши.
А сродна душа и добар пријател и човек можеш да си најдеш и албанец и црнец и ром, исто како што можеш и да најдеш непријател Македонец. Никогаш не се знае.
Не е она што човека го гнаси или краси облеката ни бојата на кожата ни националноста. Она што го прави човека човек е самиот тој, неговата појава и карактер.

Да му судиш на човек без да го знаеш е работа на мали луѓе, со плитки размислувања да не речам од носот подалеку што не гледаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Primrose and Furby

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
^А мислиш дека има лошо во тоа да имаш свој јазик. култура, обичај (се додека не мразиш некој поради тоа што неговите јазик, култура и обичаи се различни од твоите)?

Нема ништо лошо во тоа да имаш сопствени карактеристика на народ но според мене сакањето на сопственото е патриотизама а по национализам е мислењето дека тоа сопственото е дел од некоја “виша раса на народ“ а сите други (се мисли обично на оние во нашата околина) се 0 и треба да ги нема...
Национализмот по дифилт е екстремен и нема националист кој не ги мрази другите а само си се сака себе...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Primrose

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Нема ништо лошо во тоа да имаш сопствени карактеристика на народ но според мене сакањето на сопственото е патриотизама а по национализам е мислењето дека тоа сопственото е дел од некоја “виша раса на народ“ а сите други (се мисли обично на оние во нашата околина) се 0 и треба да ги нема...
Национализмот по дифилт е екстремен и нема националист кој не ги мрази другите а само си се сака себе...

Вот тој случај го ставам во ист кош со религијата. Затоа што и величењето на мојот бог може да доведе до тоа да ги сметам за инфериорни према мене оние со различни верувања од моите, а истото може да доведе и до омраза.
Според мене ако национализмот не е ОК, тогаш и религија не е ОК.

Не се декларирам како националист или патриот, ниту пак сум религиозна, ниту полна со омраза и стереотипи, да не се сфатиме погрешно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ShakaZulu