Глупаво е да имаш предрасуди и да мразиш луѓе само поради работи со кои не труе политиката.
И јас ги мразам тие луѓе што си дозволиле да направат војни и да убиваат недолжни луѓе, а поготово деца, ги мразам од дното на душата, ама не поради тоа што се албанци, босанци или грци него поради тоа што се нелуѓе. Би ги мразела и да се македонци, па и да ми се и родители.
Имала албанско знаме на профил, кога се скарале се испотепале или не знам што. Божем ние знамето на Зимбабве го имаме по профили и кога ќе се испокараме се частиме со еклери.
Исти сме сите, само кога омразата ти е насочена кон некого се разбира дека ќе му најдеш маани и грешки.
Никогаш не сум ги делела луѓето на црни, жолти, црвени или зелени, албанци, роми, срби или грци.
Ги делам на луѓе и нелуѓе. Добри и лоши.
А сродна душа и добар пријател и човек можеш да си најдеш и албанец и црнец и ром, исто како што можеш и да најдеш непријател Македонец. Никогаш не се знае.
Не е она што човека го гнаси или краси облеката ни бојата на кожата ни националноста. Она што го прави човека човек е самиот тој, неговата појава и карактер.
Да му судиш на човек без да го знаеш е работа на мали луѓе, со плитки размислувања да не речам од носот подалеку што не гледаат.