Koлкава слобода треба да им се дава на децата? | Црнобело Форум

Koлкава слобода треба да им се дава на децата?

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,311
1,941
1,133
со тоа шо му забранваш то полошо му прајш и со самото напорвање вакво ти ќе го направиш детето да е она шо неќиш да биди пошто тоа ќе биди присилено..И ЦЕЛ СВЕТ ДА МИСЛИ ПОИНАКУ ЈАС ПАК КЕ СИ ОСТАНАМ НА СВОЕТО ЗАТОА ШО НИ ЕДЕН МОЗОК НЕ Е ИСТ И СЕКОЈ РАЗЛИЧНО РАЗМИСЛУВА.
Како што ти одговара така нека биди...да имаме прилика да го направиме муабетов по едно 10-15 години ќе видам дали ќе си останеш на истото а особено да те видам ко ќе станиш родител дали така ќе постапуваш...ама како и да е...за едно си во право не сме исти и сите различно размислуваме...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD and Saladin

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,794
1,153
26
Битола
Како што ти одговара така нека биди...да имаме прилика да го направиме муабетов по едно 10-15 години ќе видам дали ќе си останеш на истото а особено да те видам ко ќе станиш родител дали така ќе постапуваш...ама како и да е...за едно си во право не сме исти и сите различно размислуваме...
така е..
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,412
1,103
мамо , па сите остануваат до 23часот, а само јас дома до 22, не сте фер, јас имам 14 години. Ќе ми се смеат сите:((((( Мајка ми : 22 дома, а ако спомнеш уште нешто, нема ни да излезеш!..... (проследено со мнооогу солзи)А излегувањето беше по една улица горе доле горе доле горе доле , тост, и накај дома :))
Сега кога ќе се сетам ми доаѓа смеење на таа јас од тогаш. Во тој момент мислев дека е крајот на светот, а подоцна сфатив каде сум јас, а каде се тие што шетаа до 23, 00 , па и по полноќ...од тие години. Фала Мамо!!!

Кога ќе бидам родител здравје боже, се надевам дека од почетоток на воспитувањето, ќе успеам да му вметнам на детето (безразлика дали машко или женско) некои вредности, правила кон кои и самото ќе се придржува без некое родителско убедување. Исто така знам и дека кога на истото тоа дете на кое му се вметнати вредности за она што е добро а што е лошо, во контакт со надворешни лица (друштвото) ќе впие како сунѓерче особено во тие критични тинејџерски години многу работи кои ќе пробудат кај него контрадикторност на се она што дотогаш го знаело, и се она што сега допрва го учи од друштвата во чиј круг се наоѓа , па и од таму целиот тој бунт на тинејџерите и нивното мото “не сме сфатени“...
Во тој момент ќе бидам негов пријател пред се , и колку и да не се согласувам со некои негови “муабети“ и “модерни“ изјави, ќе пробам да го сфатам и да го советувам, надевајќи се на негови вистински одлуки. Нема да го ставам во кафез и со окови да го чувам, тоа не е никако начин. Ама сигурно и нема да го пуштам да прави што сака , и да му дадам ексклузивна шанса за да си го упропасти животот, па на крајот на краштата јас сум таа што сум му дала живот, и ако не се трудам од петни жили да му го сочувам односно да му помогнам да си го сочува со негови одлуки, а во некои случаи и со мои, каков родител би била?

Сегашниве се страха и ужаса... јас што гледам по чаршииве кај нас....офоффф кај им се родителите. Деца мали , уште недоразвиени , на штикли 20ка едвај одат, пијани класика,цигарчето како моден детал, се муваат со кој ќе стигне....па сега ако и почнам да размислувам ТИЕ какви родители ќе бидат во иднина.....се ежам....ако ова е демократија ондак сме ја на*бале....

Офф топик: е не знам не знам и не знам како не знам да бидам кратка и јасна....:)))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
24
Битола
Јас сум трето дете и норлно имам најповеќе слобода од претходните, најверојатно тоа е така бидејќи моите имаат доживеано се и сешто со нив... немам одредено време кога треба да се враќам од излегување, не ме казнувале, не ме тепале, не се дрогирам, не пушам цигари.....никогаш не ми поставувале услови од типот мораш да го направиш тоа ако не нема да добиеш....растена сум без уцени и во потполна слобода и еве до сега немам тргнато по лоши патишта и лоши друштва. Доколку јас би била родител искрено незнам дали на моето дете би му дала слобода, не дека нема да имам доверба во него, туку не би имала доверба во оклината бидејќи како оди времето напред се станува полошо... Сакам кон моите деца пред се да се поставам како пријател а не како авторитетна личност од која ќе се плашат. Сведок сум на многу родители на моите другарки кои не им дозволуваат да се гледаат со дечко на 16 години, му даваат излез еднаш неделно и постојано му вршат притисок дека дечкото не бил за неа, ќе ја искористел...Можеби поради таа слобода која ја имам јас како дете и како средношколка ми дава да си дозволам се да им кажувам на моите родители и навистина нема нешто што не знаат за мене. И среќна сум бидејќи растам во таква средина без предрасуди...среќна сум бидејќи татко ми дава совети како да ми тргни врската со дечкото а мајка ми ми ги споделува најубавите мометни кои ги поминале со тато и како започнала нивната љубов. Сепак сметам дека треба да му се даде слобода на детето но да се биде претпазлив во какво друштво ќе навлезе бидејќи никое дете нема само да посегни по дрога(покрај сите кампањи и едуцирање дека дрогата штети) претходно треба некој убаво да му го испери мозокот. А со самата слобода детето ќе доживее многу грешки кои ќе му бидат лекција за понатаму. Од сопствените грешки се учи највеќе. Но сепак се зависи од личноста, карактерот и средината во која тоа дете е растено. А доколку едно дете или тиниџер сака да направи глупост, ти дај му излез до 22 часот и порано, тоа пак ќе си го исполни она што го има замислено....
 

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Не сум се запознал уште со тоа воспитвање или давање слобода. На пример јас коа растев немав ни забрани нити пак домашно воспитање. Се сум створил сам. Али сепак тоа ме научи како јас треба да се поставам кон моите деца... Сепак јас мислам дека се буквално се може да смени поврзаноста кон децата, разговорите со нив и стекнување доверба. Секако треба прецинзо да погодите во целта за да ги добиете овие работи од нив. Па да може да ги израснете во вистински правец.
 

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
Не сум родител сеуште..но можам да дадам пр за мајка ми :sram и за тоа ако бидам некогаш мајка -каква мајка би сакала да бидам..
Го жртвувала својот социјален живот за да се посвети на мене и сестра ми...
И да ви кажам завршила одлична работа...
Имавме слобода каква што му е потребна на секое дете (тоа не значи излегување до 5 сабајле,пиење,дрогирање,дечко и сл) значи во границите на нормалноста...никогаш не не тепале,напротив не учеле дека само стоката се тепа...
Ама кога ќе сме згрешеле нешто знаела со зборови да не отепа... секогаш знае да примети кога имаме некаков проблем и фино лепо да не седне и да имаме состанок...порано тоа го наредуваше..сега веќе ми е навика и и јас самата едвај чекам да и кажам што ме мачи или радува..затоа што ако не ти мисли мајката добро кој друг би ти мислел нели така...е сега мое е дали ќе ја послушам или не веќе кога пораснав... се случувало мајка ми да не може добро да процени ситуација па да и треба моето мислење...
е сега за состанокот... има цела вечер да ти зборува да не ти даде око да склопиш,ама има да ја ислушаш и ТОЧКА.Колку пати само поради тоа сум се плашела да не направам некоја глупост... Сум си викала кој ќе ја трпи пак да ми зборува... а сега веќе и сваќам дека имала и премногу право а и секако добра тактика...Најпрво ќе почнеше бесно да зборува..потоа ќе се стишеше и ќе почнеше да прашува во што бил проблемот што сме се довеле до таква ситуација...да не погрешила таа некаде.... ние да не сме погрешиле...како размислуваме...како ќе го решиме и слично..и на крај сме си легнувале сите среќни и задоволни..мама што успеала да ни ја долови смислата..ние што сме ја смириле нејзе и што чувствуваме дека е на наша страна.
Arkantos мислам напиша дека кога веќе има врска подобро би било да го донесе дечкото дома да го видат нејзините па да знаат што да и кажат...и има навистина многу право за тоа... Затоа што скоро секогаш родителот знае многу подобро да оцени личност отколку 16годишно девојче.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Licno taa

Староседелец
28 јануари 2013
59
50
1,028
Вчера ја читав темава и се мислев дали да продискутирам или не.
Колкава слобода треба да имаат децата, дали треба да им се дозволат многу работи, што би направиле доколку бараното не го добијат?
И се случи несакана работа.
Во Охрид загина 15 годишно дете возејќи мотор (моторот бил со јака кубикажа) што значи дека требал да има 22 години и дозвола.
„се кажа“ дека родителите не сакале да му купат мотор, а го добил од дедо му и баба му.
Згора на тоа момичето со кое се судрил, возела кола без возачка дозвола а имала 22 години.
??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????
Дали повеќе вреди дете кое плаче да добие играчка за после родирелот да плаче? :place
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,388
1,133
Yellow submarine
оди соли памет на друг чупе сите имат право како сакаат да си ги одгледаат децата..ако сакат твојте да се то нека се твоја работа и не се мешај ко не се разбираш и немаш поим !

Е, извини аман што си кажа девојчето став, кој се коси со твоите размислувања.
Јас би рекла дека баш се разбира и има поим, за разлика од распонот на твоите животни сфаќања, кои најискрено се надевам дека ќе се променат.

Ти ли ќе одредиш дали твоето дете ќе биде геј или не?
Ако имаш такви моќи, ондак те молам позанимавај се со моиве спојлери и направи да ги нема :|
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,794
1,153
26
Битола
Е, извини аман што си кажа девојчето став, кој се коси со твоите размислувања.
Јас би рекла дека баш се разбира и има поим, за разлика од распонот на твоите животни сфаќања, кои најискрено се надевам дека ќе се променат.

Ти ли ќе одредиш дали твоето дете ќе биде геј или не?
Ако имаш такви моќи, ондак те молам позанимавај се со моиве спојлери и направи да ги нема :|

браво многу си паметна..сеа слободна си
 

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163