Koлкава слобода треба да им се дава на децата?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Можеби подобро било скриено тогаш.
Денес за жал,абортусот го користат како контрацепциско средство.
Но,тоа е друга тема веќе.
Битни се границите што ги поставува родителот низ текот на развојот на своето дете.
Јас кога бев дете,се знаеше до каде можам да идам со своите постапки.
Одлуката на родителот,барем во мое време (а,не сум толку стара:D),се почитуваше.
Не е дека не сме правеле глупости,ама како денес,со ова темпо што го имаат младите,не било.
Времето,и генарцискиот јаз си го прават своето.
Начинот на воспитување тогаш и денес е различно.

Се почитува и во ова време...
Ама види пример...
Детето сака да излезе во кафуле. Ја прашува мајката, таа му забранува, го прашува таткото, тој вика абе остај ја мајка ти појма нема. Детето си излегува и гајле си нема.
Идниот ден, детето пак сака да излезе таткото не е дома, мајката не дозволува, детето и’ вика абе оди бегај појма немаш ти, и си излегува...
- децата се сунѓер, каква вода ќе им пуштиш таква ќе впијат.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Се почитува и во ова време...
Ама види пример...
Детето сака да излезе во кафуле. Ја прашува мајката, таа му забранува, го прашува таткото, тој вика абе остај ја мајка ти појма нема. Детето си излегува и гајле си нема.
Идниот ден, детето пак сака да излезе таткото не е дома, мајката не дозволува, детето и’ вика абе оди бегај појма немаш ти, и си излегува...
- децата се сунѓер, каква вода ќе им пуштиш таква ќе впијат.

Е па тоа е тоа,влијанието на родителите и нивната "разумност".
Не секој е за родител.Ако родителите не се почитуваат помеѓу себе,детето за жал тој однос ќе мисли дека е исправен.
И што е уште пострашно,подоцна може и он така ќе се однесува.
Мене ми е јасно дека има моменти кога нервозата преовладува,и дека децата не треба да се одгледуваат во стаклено ѕвоно,но сепак си останувам на своето за границите.

Едит:ни премногу контола не е на арно,ниту пак ни преголема слобода.
Некои забораваат дека се родители на своите деца,не другари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Не знам зошто викате дека во последниве неколку години многу „пораснаа“.
Реално... секогаш ги имало„пораснатите“.
И во мое време 15 годишни забременуваа, ама се мажеа, не абортираа(иако не можам да речам дека ги немаше и овие другите варијантни ама поретки беа).
Не е тоа толку многу до времето...колку што е до родителите.


Да и тогаш имало предвреме "пораснато" ама се броеле на прсти да речам, поретки биле, а сега ретки се децата кои се однесуваат соодветно за своите години..
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Да и тогаш имало предвреме "пораснато" ама се броеле на прсти да речам, поретки биле, а сега ретки се децата кои се однесуваат соодветно за своите години..
Не е така... Само сега сме поголеми и поинаку ги согледуваме работите.
Секогаш ги имало.
А на крајот на краиштата... ако тврдиме дека денес децата не се однесуваат соодветно за своите години, и тоа скоро сите деца, тогаш за тоа е виновна мојата генерација и луѓето 5-6-7 години поголеми од мене. Што значи ваквото „трулење“ доаѓа од поодамна.
Зошто е виновна таа генерација? Па затоа што тие се родителите (претежно) на сегашните новопечени средношколци :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Е каде де?
Прво сами си ги форсираме а после си се чудиме.
983591_596986010332861_1884316684_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
се што е преку мера не е на арно..преголема слобода никому не би му била од корист а камоли па на дете.
добро е да се знае до каде е границата на некои работи, се работи за почит на авторитети, тој авторитет може да биде само родителот, никој друг не е вреден да те ограничува.
 

the.boy

Истакнат Член
11 јуни 2013
68
72
318
41
Без навреда за никого...ама мислам дека е прехрабро некој кој не работи професионално со деца, кој нема професионални квалификации за детска психологија и сл. да коментира и да советува колку слобода да им се даде на децата?
Секоја чест на храброста, а јас Ви порачувам децата да не ги буцкате, оставете си ги да си го живеат детскиот живот. Онака анархично како што само тие знаат :)
(сега којзнае колку нервозни мајки ќе ме нападнат хахаха)...
 

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
На детето ако му даваш слобода, тоа ќе се расипе... :) Од мали нозе, да талка како мува без глава, да ми шета по доцна доба, не би искрено... И после силувани, киднапирани, фрлани... Не, не, не! Се знае детето-као дете што треба да прави, да си учи, да си го гледа патот за во школо, да си игра дома по нешто. било кошарка, било фудбал, било ракомет, да си пише домашна, да чита лектира, да си вози точак во двор, ако нема двор, внатре орбитрек нека вози... На детето обврските тоа му се, а во кафичи да ми искача, нема шанси, осим со мене. Збориме значи за дете. Не знам вие сега од , до колку год, граница подразбирате под „дете“.