“
мамо , па сите остануваат до 23часот, а само јас дома до 22, не сте фер, јас имам 14 години. Ќе ми се смеат сите(((( Мајка ми :
22 дома, а ако спомнеш уште нешто, нема ни да излезеш!..... (проследено со мнооогу солзи)А излегувањето беше по една улица горе доле горе доле горе доле , тост, и накај дома
)
Сега кога ќе се сетам ми доаѓа смеење на таа јас од тогаш. Во тој момент мислев дека е крајот на светот, а подоцна сфатив каде сум јас, а каде се тие што шетаа до 23, 00 , па и по полноќ...од тие години. Фала Мамо!!!
Кога ќе бидам родител здравје боже, се надевам дека од почетоток на воспитувањето, ќе успеам да му вметнам на детето (безразлика дали машко или женско) некои вредности, правила кон кои и самото ќе се придржува без некое родителско убедување. Исто така знам и дека кога на истото тоа дете на кое му се вметнати вредности за она што е добро а што е лошо, во контакт со надворешни лица (друштвото) ќе впие како сунѓерче особено во тие критични тинејџерски години многу работи кои ќе пробудат кај него контрадикторност на се она што дотогаш го знаело, и се она што сега допрва го учи од друштвата во чиј круг се наоѓа , па и од таму целиот тој бунт на тинејџерите и нивното мото “не сме сфатени“...
Во тој момент ќе бидам негов пријател пред се , и колку и да не се согласувам со некои негови “муабети“ и “модерни“ изјави, ќе пробам да го сфатам и да го советувам, надевајќи се на негови вистински одлуки. Нема да го ставам во кафез и со окови да го чувам, тоа не е никако начин. Ама сигурно и нема да го пуштам да прави што сака , и да му дадам ексклузивна шанса за да си го упропасти животот, па на крајот на краштата јас сум таа што сум му дала живот, и ако не се трудам од петни жили да му го сочувам односно да му помогнам да си го сочува со негови одлуки, а во некои случаи и со мои, каков родител би била?
Сегашниве се страха и ужаса... јас што гледам по чаршииве кај нас....офоффф кај им се родителите. Деца мали , уште недоразвиени , на штикли 20ка едвај одат, пијани класика,цигарчето како моден детал, се муваат со кој ќе стигне....па сега ако и почнам да размислувам ТИЕ какви родители ќе бидат во иднина.....се ежам....ако ова е демократија ондак сме ја на*бале....
Офф топик: е не знам не знам и не знам како не знам да бидам кратка и јасна....
))