Што сакавте да бидете кога ќе пораснете?

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Прво сакав да бидам принцеза.
Ете, омилена „професија“ ми беше. Во приказните прицнезите беа секогаш најдобро облечени, добри, мили, бла бла...
Тоа сакав. Но подоцна, пред мојот седми роденден, кога сакав да посакам да бидам принцеза кога ќе ги дувам свеќите, родителите ми ги уништија соништата да бидам принцеза.:D На роденденот посакав да бидам облечена како принцеза бидејќи, нели сепак фустаните најмногу ми се допаѓаа.
Подоцнан примив неке влијание од околината, па сакав да бидам лекарка. Но ми се згади и од тоа, сега нема шанси на медицина да се запишам.
Па мајка ми ме натера да сакам да бидам информатичар...

Сега сакам да бидам уметник. А факултетот најверојатно ќе биде роботика.
Принцеза? Како да не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and Outrider

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Прво сакав ортопед, ама кога слушнав дека се работи со скршеници, се откажав. После сакав забар и многу се лутев кога некој ќе кажеше стоматолог, ама многу се лутев.
Следно беше географичар, која професија цело време како во сенка да ми е. И на крај сакав да бидам кувар, исто се лутев кога некој ќе кажеше готвач. Куварите за мене претставуваа луѓе кои се најдобри во својата професија, додека готвачите ми претставуваа некои Ш- категорија луѓе кои само ставаат вода да се вари и го креваат капакот да видат дали водата врие.:zelen