Ко дете, секогаш се замислуваш некаква ѕвезда, уметник, уникат, суперхерој, спасител, исцелител и штотизнам, но знам дека некаде кон 17 засакав психологија, а потоа криминалистика и форензика (иако се ежам кога ќе ми доближат игла да ми земат крв, а не да гледам пукнати глави), ама воопшто не бев упатена како тоа се изучува кај нас (срамота, ќе речеш сум израснала во камено доба), па си отидов да анализирам психопати што своите делузии ги искажувале на хартија. Мање-више, доста сериски убијци оставаат познати поеми на местото на злосторот, па исто му доџе.
Знам само дека никогаш не сакав да бидам правник/адвокат/нотар пошто тетка ми ми го наметнуваше тоа од мали нозе и некако развив тешка одбивност.