Што ви недостига од вашето детство?

Rosana

Староседелец
24 јуни 2012
267
499
1,063
се ми недостига :place се би дала само да можам да се вратам малечка и тоа само за еден ден..деновите кога немавме за што да се грижиме и кога најголемата болка ни беа искрвавените колена :)
 

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
36
Струмица
Цел ден надвор, играње по улиците до доцните часови и никогаш неуморни, здрушно цело маало. Криенка, Пипни Стој :), криво магаре :) Комити и Џандари...Па правевме пушки и пиштоли од дрвца, се криевме и пукавме еден кон друг... :) Ееее дали денешните деца знаат барем 1 од игрите кои ние сме ги играле да ги играат :(
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ми недостига тоа кога си бевме постојано заедно со дада ми. Ми недостига кога си го слушав вујко ми како ми раскажува.
И ми недостига професорката по социологија... ууу каква беше :)
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
36
Скопје
ми недостига детската игра, седењето у маало со саати, па ќе дојдевме дома само за да земеме направени сендвичи и одма трчанката надвор за да не пропуштиме многу од правењето... ништо! :zelen ми недостига безгрижноста иако тогаш мислев дека не сум безгрижна :) ми недостига времето без мобилни премногу, зошто тогаш беше нај реалното дружење, ми недостига слободното време... не дека сега го немам ама тогаш многу подобро знаев да го организирам и да правам нешто продуктивно а не бев ни свесна за тоа... оф леле, сега се ми недостига :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Безгрижноста,криенката и брканицата ми недостигаат,ластикот ми недостига,исто и одраните колена ми недостигаат.
Ми недостига кога со цело маало се собиравме во мојот двор и си игравме учители и ученици.
Детскките песнички и цртани.Боенките и боиците ми недостигаат.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Баба и дедо..
миљон игре што ги играсмо пред зграду, детски емисие кои фрштесфа на мтв, школски двор у Кочо Рацин, баскет на сок..