Знаеме дека постојат повеќе стадиуми во животот. Човек расте, логично. Она што го чувствувал, сакал како мал, не може (во најголемиот дел) да го сака и на 30 години. Освен ако е заостанат.
Да, најголемиот дел од нас би рекле дека тоа ќе биде незамарањето, безгрижноста на детскиот живот, во смисла- идење на работа, заработување, штедење за кола, за реновирање итн.
Меѓутоа, токму тие работи се клучни за човек да премине во нареден стадиум од животот- да го напушти детството, да го "прошиша" адолесцентството, и да влезе во светот на возрасните.
Вработувањето, заработувањето, инвестирањето, делење на исти работи со сопруг/сопгура, деца...тоа се дел од работите кои се суштината на животот на возрасните.
А тоа ќе се постигне само со свесно инвестирање во себе, зафаќање со сериозни животни проекти и одење напред во животот.
Да, и мене ми недостига незамарањето, играњето Викторија на цемент, играње Нинтендо по цели денови со скрстени нозе, но тоа поминало и секое здраво развиено човечко битие треба да оди на нареден стадиум.
Има една анегдота- Колку трае животот на човекот?- Одење во пензија и мењање кисела зелка 20 пати.