Што ви недостига од вашето детство?

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Безгрижноста, игрите, безбројните часови минати у фантазирање со другарчињата ...
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Пентарење по дрва, праење бункери у маало, жмурка, ремет со старците околу зграда што нон спијат и не бркаат зашто сме галамеле, чување маалско куче, играње џамлии (на ќар), прекачување на тераса кај тој дедекот на приземје по топката пошто ако му ѕвониме да ни ја даде ќе излезе на тераса и ќе ни ја заколе, дремење на флипери, по цел ден околу зграда со милион модрици од што седевме мирни и не правевме бељи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Baronessa

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Пентарење по дрва, праење бункери у маало, жмурка, ремет со старците околу зграда што нон спијат и не бркаат зашто сме галамеле, чување маалско куче, играње џамлии (на ќар), прекачување на тераса кај тој дедекот на приземје по топката пошто ако му ѕвониме да ни ја даде ќе излезе на тераса и ќе ни ја заколе, дремење на флипери, по цел ден околу зграда со милион модрици од што седевме мирни и не правевме бељи...
хехехе! детство во вистинска смисла на збор!
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Знаеме дека постојат повеќе стадиуми во животот. Човек расте, логично. Она што го чувствувал, сакал како мал, не може (во најголемиот дел) да го сака и на 30 години. Освен ако е заостанат.
Да, најголемиот дел од нас би рекле дека тоа ќе биде незамарањето, безгрижноста на детскиот живот, во смисла- идење на работа, заработување, штедење за кола, за реновирање итн.
Меѓутоа, токму тие работи се клучни за човек да премине во нареден стадиум од животот- да го напушти детството, да го "прошиша" адолесцентството, и да влезе во светот на возрасните.
Вработувањето, заработувањето, инвестирањето, делење на исти работи со сопруг/сопгура, деца...тоа се дел од работите кои се суштината на животот на возрасните.
А тоа ќе се постигне само со свесно инвестирање во себе, зафаќање со сериозни животни проекти и одење напред во животот.
Да, и мене ми недостига незамарањето, играњето Викторија на цемент, играње Нинтендо по цели денови со скрстени нозе, но тоа поминало и секое здраво развиено човечко битие треба да оди на нареден стадиум.
Има една анегдота- Колку трае животот на човекот?- Одење во пензија и мењање кисела зелка 20 пати.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми and UnFleur