ми недостигаат многу работи ...
ми недостигаат бељите и глупостите што ги правев
ми недостигаат играњата на чергиче пред зграда со кукли барбики,размена на салфетки,детска пошта,ливчиња...
играњето на граница,вис,жмурка,ластик,цигари,штркот бара боја,мати мати...
ми недостига времето кога правев ручек со листови од бреза,и кога пари ми беа сите можни листови ...
кога си играв докторка и сите дома книшки ги шкртав
кога бев писателка и сите книги настрадаа
кога изигравав пикасо и ѕидовите настрадаа
кога сите чаши дома ги кршев
кога крадев од дома млеко и салама да ранам мачиња и кучиња
....ми недостига палавата Јами
ми недостига безгрижноста што ја имав!