Што ви недостига од вашето детство?

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
Дааа ги заборавив и НОВОГОДИШНИТЕ ПАКЕТЧИЊА ... е поубави и со повеќе продукти беа од денешниве , денешниве само на амбалажа обраќаат внимание , а внатре 4-5 ќесенцааа ... гретка се денешниве дечињаа хаха ..
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Ми недостига чувството кога ќе ти дадеа твоите 50 денари и се чувствуваше како Бог бидејќи другите имаа по 25-30 денари, колку за корнет. И она кога ќе ме пратеа моите по кафе (мелено, свежо) и цел пат до дома се топлиш и го мирисаш.

Ми недостигаат Дигимон, Покемон и Charmed, Млади Бунтовници - меѓутоа не ми недостигаат тие толку многу (благодарение на интернет и страните со бесплатни емисии) колку што ми недостига она трчањето дома после забавиште/прво/второ за да фатам Покемон од 12:00 до 12:30 и после да излезам да си играм.

Радоста кога ми ставија кабловска и уште поголемата радост кога почнав да гледам Cartoon Network некаде накај 2003, 2004. Сите најдобри цртани ги фатив.

Скокање од лулашки, кој подалеку ќе скокне. Ми недостигаат ластици, школка, граница, жмурка, мижи-баба, "Мати-мати, колико је сати?", "Штркот бара боја", "Црно-бела кралица" и игри со топка како "Делфин", "Нека бие", "Џамија", "Шуто дупе", "Народна", "Сакате ли војна". Од брканици/бркање се знае - "Цигари".

Заспивање кај ќе ми текнеше затоа што знаев дека како и да е во кревет ќе завршам.

Албумите на Panini од Покемон, Симпсонови, Хари Потер.

Големите Чупа-Чупс лижавчиња што имаа играчки во нив. Кроасаниве ми фалат, посебно оние холограмските сликички.

242998.jpg


Мислам дека вечно ќе набројувам, така да нека биде толку за сега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: smeska

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
дружењето, колку многу деца бевме, а сега ко никогаш да не сме се знаеле
Да и мене тоа ми недостига.
Луѓето што ти биле како браќа и сестри, со кои си делел залак по залак од намачканото парче леб со ајвар, си го поминал најубавото време и делите најубави спомени сега ти се тотални странци.
Ене ги до мене живеат залепени, а не правиме муабет. А никогаш не сме се скарале.
Едноставно само пораснавме.
Штета.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ја отварам темава по шести пат најмалку.
Кликам лајк на оние што пишале безгрижноста,а кога почнувам да пишувам некако не ми иде дури ни тоа да го напишам.
Зарем ништо не ми недостига?
Не дека имав тешко детство,но не знам дали имав детство.
Не ми недостига ни детето во мене,уште си го носам,никогаш нема да го напуштам.
Ете,ми текна.
Ми недостигаат часовите по играорна :D
Благодарение на нив за прв пат ги видов Истамбул и Бурса.
Дефинитивно ми недостигаат детските екскурзии.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ја отварам темава по шести пат најмалку.
Кликам лајк на оние што пишале безгрижноста,а кога почнувам да пишувам некако не ми иде дури ни тоа да го напишам.
Зарем ништо не ми недостига?
Не дека имав тешко детство,но не знам дали имав детство.
Не ми недостига ни детето во мене,уште си го носам,никогаш нема да го напуштам.
Ете,ми текна.
Ми недостигаат часовите по играорна :D
Благодарение на нив за прв пат ги видов Истамбул и Бурса.
Дефинитивно ми недостигаат детските екскурзии.
:x
Секогаш по 2-3 дена пред екскурзија одев да си накупам смоки, чипсови, сокчиња и сл. Одвај чекав да одам на екскурзија.
 

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118

Ми фали да го пеам песничето со сет занес , иако знаев само 2 збора хахаа !!!