Ми недостига чувството кога ќе ти дадеа твоите 50 денари и се чувствуваше како Бог бидејќи другите имаа по 25-30 денари, колку за корнет. И она кога ќе ме пратеа моите по кафе (мелено, свежо) и цел пат до дома се топлиш и го мирисаш.
Ми недостигаат Дигимон, Покемон и Charmed, Млади Бунтовници - меѓутоа не ми недостигаат тие толку многу (благодарение на интернет и страните со бесплатни емисии) колку што ми недостига она трчањето дома после забавиште/прво/второ за да фатам Покемон од 12:00 до 12:30 и после да излезам да си играм.
Радоста кога ми ставија кабловска и уште поголемата радост кога почнав да гледам Cartoon Network некаде накај 2003, 2004. Сите најдобри цртани ги фатив.
Скокање од лулашки, кој подалеку ќе скокне. Ми недостигаат ластици, школка, граница, жмурка, мижи-баба, "Мати-мати, колико је сати?", "Штркот бара боја", "Црно-бела кралица" и игри со топка како "Делфин", "Нека бие", "Џамија", "Шуто дупе", "Народна", "Сакате ли војна". Од брканици/бркање се знае - "Цигари".
Заспивање кај ќе ми текнеше затоа што знаев дека како и да е во кревет ќе завршам.
Албумите на Panini од Покемон, Симпсонови, Хари Потер.
Големите Чупа-Чупс лижавчиња што имаа играчки во нив. Кроасаниве ми фалат, посебно оние холограмските сликички.
Мислам дека вечно ќе набројувам, така да нека биде толку за сега.