Отсекогаш бев запален по коли. Уште од мал се поткревав на прсти за да видам каква е внатре, колку е гравирана (тогашен поим за максимална брзина),каков е воланот. Не можев да му се изнарадувам...
А сега, по толку време кога имам возачка, кола и се останато, естетскиот момент е поинаков.
ЧОВЕЧЕ, 50% сиви коли, 20% црни, а другите 30% припаќаат на некои модри, темно зелени или бели.
Порано излези на улица и има едно портокалово фиќо, едно жар црвено, жолта шкода, две три 101ки во различни бои... некоја пеглица изфарбана пола-пола...
Уф... мака ми е што го снема сето тоа шаренило, а и тмурно е во цел ден возење само некои мрки бои да гледаш пред тебе