Што ви недостига од вашето детство?

Точка

Истакнат Член
20 декември 2013
41
69
318
Ми недостига топлината во домот, блискоста. Ми недостига заедничкото гледање на телевизија, сите на куп, зашто имавме само еден телевизор и на едно место се гореше оган. Ми недостигаат заедничките ручеци, секој ден во приближно исто време. Ми недостига возењето точак секое летно попладне, јадењето сендвичи во маало затоа што таму беше најслатко! Ми недостига санкањето и правењето ангелчиња во снегот. Ми недостигаат тогашните караници за небитни работи. Ми недостигаат тогашните другарства.
И, да, ми недостигаат новогодишните пакетчиња под елка. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Y1K991

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Отсекогаш бев запален по коли. Уште од мал се поткревав на прсти за да видам каква е внатре, колку е гравирана (тогашен поим за максимална брзина),каков е воланот. Не можев да му се изнарадувам...
А сега, по толку време кога имам возачка, кола и се останато, естетскиот момент е поинаков.
ЧОВЕЧЕ, 50% сиви коли, 20% црни, а другите 30% припаќаат на некои модри, темно зелени или бели.
Порано излези на улица и има едно портокалово фиќо, едно жар црвено, жолта шкода, две три 101ки во различни бои... некоја пеглица изфарбана пола-пола...

Уф... мака ми е што го снема сето тоа шаренило, а и тмурно е во цел ден возење само некои мрки бои да гледаш пред тебе:|
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Најмногу ми фали дружењето, времето кога сите бевме заедно, кога немаше поделби и лицемерија...
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Кога бев дете сите возеа многу побавно.... в град се возеше околу 25-30 во малите улички, 40 по поголемите... 80 на автопат.... Возењето 100тка беше поим за лудост.... Никој не притискаше кочница нагло, ретко кој се имаче слупано. Сега и да сакам да возам така бавно, другите коли во сообраќајот ми го нарушуваат режимот...
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Моментално живеам подетски живот одколку што живеев кога бев дете. Кога бев дете бев стегнат, притисок од родителите, не може ова, не може она, не прави вака, не прави така, тоа не е убаво, тоа е лошо. For Christ sake дете бев нормално е дека ќе земам петарди да пукам под плински боци ( океј екстремка бев али сепак поарно тоа него како денешниве деца да кмишам на фејсбук цел ден да видам дали симпатијата лајк ми ставила ) и ќе трчам со полускинато палто низ коледарски оган. Али сега се што сум направил оваа година ѓи сумира сите детски глупости што не сум ѓи направил како мал. И среќен сум xD. Пред некој ден со другарите се заебававме да одеме на коледе кај еден поп... детски мозок. Играме видео игри кои се играа за плејстејшн 1. Краш со количките, аааааааааа најјак сум. Одеме на флипери фудбалче играме ( оноа со рачките ), си пуштаме златно славејче чисто оти си можеме. Фак јеа.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
еве вакви некои работи...
сладоледот во топче, леле едвај чекавме да стигне камионот пред продавница и да донесе сладолед
sladoled_1367510477_670x0.jpg

базока мастиките и чунга лунга беа закон, обавезно збиравме сликички....:zelen
bazooka.jpg

378745_10150422442285998_601006349_n.jpg

zivotinjsko-carstvo.jpg

Се сеќавам дека за две сликички не успеав да го пратам албумот, 223 и 194..Нема да ги заборавам тие бројки..
Zivotinjsko-carstvo-album-sa-slicicama-Kras-1986-_slika_O_3726051.jpg

дома кога имавме другарчиња на гости обавезно игравме нелутисе човече (sun) а не да дремиме на компјутер
c5uzJGR.jpg

игравме ластика по цели денови
151660

и навечер едвај чекавме во 19 00 часот да почне цртан филм...Радован, Вили ква ква, Мечето Ушко
151828

151830

и има уште многу мнооогуууу...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Змејче

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Времето кога единствена грижа ми беше набрзина да научам,да јадам и брзо на улица со топката и ластикот во раце .
Времето кога по цела вечер се играше криенка,собрани цел чопор деца од мали до најголеми.
Времето кога не гледавме и не беше важно дали некој носи најк или пума патики.
Уште многу работи недостигаат,најмногу безгрижноста која се губи со самото растење.
И сега на некој начин се потсеќам како е да си дете покрај ќерка ми,но ова веќе е поинакво време,поинакво детство од нашето.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Се но највеќе вистинската дружба и играњето жмурка

носталгии ='(