Тука или има посебна тема за тоа? Ќе ставам тука па ако треба ќе сменам мислење после.
2 шољи брашно (јас ставив бело зошто мислев дека немам интегрално овој пат),
5 лајци мармалад,
1 пециво,
3 пакетчиња канела,
1 шоља кисела вода или млеко (јас ставив млеко зошто немав кисела вода).
Се ова се меша и кога добро ќе се измеша се става да се печи на 200 степени, околу 15 минути (се додека на чечкалица не остава ништо). Јас прво сакав да го правам во калапи ама видов дека е многу грубо тестото па го ставив во поголем плех и направив грешка. Подобро би дошло во помал плех зошто вака како шо можиш да видиш е многу ниско. Па откако ќе се извади се премачкува со мармалад и по желба со чоколадо.
И да, заборајв да напоменам, плехот не го намачкав со ништо, не ми лепеше, сепак ако сакаш можиш да го намачкаш ако мислиш дека треба.