Новиве комедии нит ги знам толку, нит ги сфаќам. Смешни ми се само од што се дебилни.
Последно го гледав Скери Муви 5, и искрено, повеќе на Стеф Шеф се имам смеено отколку на филмов. Делуваше ко некој нискобуџетен обид за комедија снимана во нечиј подрум. Жими што се насмеав на сцените со дадилката кога стануваше рандом навечер.
Стари, добри комедии ми се Airplane и неговата секвенца. Врвна сатира, хумор на ниво за правење стомачни, само што не е за буквалисти.
Исто би гo препорачала и Throw momma from the train. Ен Ремзи - грампи бабичка која го држи анти-социјалниот син под контрола. Pain in the ass.
Clue и Murder by death, филмови со иста тематика. Неколку души поканети на вечера и затворени во замокот кај што се поканети, имаат задача да откријаат кој од нив е убиецот. Сплетки и алтернативни завршетоци. Милина.
Туку мене вчера ме импресионира Se7en.
Кој е по трилери и мистерии, не смее да го пропушти.
Го имам гледано многу порано, но поради језивите призори од кои затворав очи, сега гледам дека сум пропуштила клучни елементи.
Класика со Морган Фримен и Бред Пит, нема утка. Детективи на задача да фатат психопат кој убива според седумте смртни гревови. Фримен глуми стабилен, воздржан детектив пред пензионирање, со големо искуство и трпение, додека Пит е понеискусниот, избувлив и зајадлив лик.
Кевин Спејси генијално го одигрува студениот психопат кој верува дека спроведува правда косејќи ги ништожниците на општеството. Поседува некој сличен ладнокрвен шарм како Хопкинс во улогата на Ханибал Лектер, а такви негативци ми се фасцинантни.
Крајот постојано те тера да мислиш дека детективите се крајот на алката, со оглед на тоа што фалат уште само 2 жртви за Џон Доу да го создаде својот т.н. мастерпис, ама штом стигна пакетот, знаев што да очекувам. Малку развлечен, но убаво склопен.
Интересно е и Гвинет Палтроу да се види во помладо издание, ама искрено, немаше некоја впечатлива улога, ниту глума од нејзина страна.
Ако знаете вакви слични, пукајте.