Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Да да, видов дека ти е на листата, сакав да ти го посочам за да му дадеш предност и да го изгледаш во поскоро време :D
Утре го гледам сигурно Облаков. Неделава само лесни филмчиња гледав, поради обврските не можев да си замарам мозокот. :zelen
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Новиве комедии нит ги знам толку, нит ги сфаќам. Смешни ми се само од што се дебилни.

Последно го гледав Скери Муви 5, и искрено, повеќе на Стеф Шеф се имам смеено отколку на филмов. Делуваше ко некој нискобуџетен обид за комедија снимана во нечиј подрум. Жими што се насмеав на сцените со дадилката кога стануваше рандом навечер.
Стари, добри комедии ми се Airplane и неговата секвенца. Врвна сатира, хумор на ниво за правење стомачни, само што не е за буквалисти.
Исто би гo препорачала и Throw momma from the train. Ен Ремзи - грампи бабичка која го држи анти-социјалниот син под контрола. Pain in the ass.
Clue и Murder by death, филмови со иста тематика. Неколку души поканети на вечера и затворени во замокот кај што се поканети, имаат задача да откријаат кој од нив е убиецот. Сплетки и алтернативни завршетоци. Милина.

Туку мене вчера ме импресионира Se7en.
Кој е по трилери и мистерии, не смее да го пропушти.
Го имам гледано многу порано, но поради језивите призори од кои затворав очи, сега гледам дека сум пропуштила клучни елементи.
Класика со Морган Фримен и Бред Пит, нема утка. Детективи на задача да фатат психопат кој убива според седумте смртни гревови. Фримен глуми стабилен, воздржан детектив пред пензионирање, со големо искуство и трпение, додека Пит е понеискусниот, избувлив и зајадлив лик.
Кевин Спејси генијално го одигрува студениот психопат кој верува дека спроведува правда косејќи ги ништожниците на општеството. Поседува некој сличен ладнокрвен шарм како Хопкинс во улогата на Ханибал Лектер, а такви негативци ми се фасцинантни.
Крајот постојано те тера да мислиш дека детективите се крајот на алката, со оглед на тоа што фалат уште само 2 жртви за Џон Доу да го создаде својот т.н. мастерпис, ама штом стигна пакетот, знаев што да очекувам. Малку развлечен, но убаво склопен.
Интересно е и Гвинет Палтроу да се види во помладо издание, ама искрено, немаше некоја впечатлива улога, ниту глума од нејзина страна.

Ако знаете вакви слични, пукајте.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Следен го гледам Silver Linings of Playbook. Предложете од листава кои филмови да ги гледам по него. :zelen
Отвори ја прикачената датотека 16519Отвори ја прикачената датотека 16520

Silver Linings Playbook е еден од убедливо најдобрите филмови ЕВЕР!
Јас два пати го гледав во неполн месец (nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Silver Linings Playbook е еден од убедливо најдобрите филмови ЕВЕР!
Јас два пати го гледав во неполн месец (nod)
Имам пишано збор два во друга тема. 10ка има од мене. Не е чиста комедија, ама ме насмеа повеќе од некои комедии.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Имам пишано збор два во друга тема. 10ка има од мене. Не е чиста комедија, ама ме насмеа повеќе од некои комедии.

А, поентата не е да биде комичен. Барем јас не го доживеав така. Филмот носи длабока порака и начинот на кој таа порака допира до нас ( кои го гледаме) е толку умешно, допадливо и суштински доловен.
Стискав палци да земе Оскар за најбољи филм, али коа се појави Мишел да каже збор два, пред прогласувањето се знаеше дека сепак ќе си остане мастерпис без златната статуетка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
А, поентата не е да биде комичен. Барем јас не го доживеав така. Филмот носи длабока порака и начинот на кој таа порака допира до нас ( кои го гледаме) е толку умешно, допадливо и суштински доловен.
Стискав палци да земе Оскар за најбољи филм, али коа се појави Мишел да каже збор два, пред прогласувањето се знаеше дека сепак ќе си остане мастерпис без златната статуетка.
Му ја сфатив и пораката и се. Само ти посочив дека филмот има добра содржина, содржи елементи од сите наведени жанрови на Филмската база, добар хумор. Мала му е 7мицата на ИМДБ и едниот оскар што го зема. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Му ја сфатив и пораката и се. Само ти посочив дека филмот има добра содржина, содржи елементи од сите наведени жанрови на Филмската база, добар хумор. Мала му е 7мицата на ИМДБ и едниот оскар што го зема. :)

Јас малку лошо се изразив, сакав да речам дека и покрај тие комични моменти ( кога ќе земеш во предвид во каква психичка состојба се луѓево, не би требало ни комично да е) пораката е сосема нешто друго од замислата да не насмее.
Не знам дали ќе се сложиш со мене, дека сепак Бредли требаше да го земе Оскарот, зашто човеков се надмина себе си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Olympus has fallen. Доообар. Многу акција, многу крв. Иначе типичен амерички филм, America's in trouble и се наоѓа еден најјак тип шо ги спасува сите. Туку, сакав да го глеам White House Down деновиве, ама мислам дека од овај првиов појак не може да биде, а тематиката им е слична, така да... ќе видиме.

А го гледав и Now you see me пред некој ден, доста добар филм, ма да јас се изначитав коментари колку е УААААУ филмот пред да го гледам, па можда затоа бев малку disappointed на крајот, очекував нешто уште подобро. Рецензија има напишано некој малце погоре, да не се повторувам оти тоа е. :D

Се согласувам со тебе за Олимпот, типичен амерички филм.
Ама мене ми го направи ќефот, зашто одамна не бев гледал акција, а и Батлер е главниот бедес. :zelen
За White House Down мислам дека нема уште ни кино снимка на нет, пред 4 дена го пуштиле во америчките кина, а кај нас во кино доаѓа дури 18 јули.
И уште да си прашам, кај го гледаше Now you see me? Јас го барав на нет, ама само лоши снимки најдов, а баш се загреав за филмот откако прочитав неколку добри зборови за него. :zelen
 
foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743

Now you see me во кино го глеав, таму планирам и White House Down. :)

Иначе, само што го изгледав Silver Linings Playbook. Аман. Не знам ни јас што очекував од филмов. Неколку месеци константно читам колку е страшно многу најпреубав... епа мене не ми се допадна нешто посебно. Едвај чекав да заврши. Толку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Now you see me во кино го глеав, таму планирам и White House Down. :)

Иначе, само што го изгледав Silver Linings Playbook. Аман. Не знам ни јас што очекував од филмов. Неколку месеци константно читам колку е страшно многу најпреубав... епа мене не ми се допадна нешто посебно. Едвај чекав да заврши. Толку.

И јас уште не можам да се решам да го гледам, од една страна читам прекрасен од друга ништо посебно едвај чекав да заврши..И не знам дали и ќе го изгледам воопшто.