The call (2013)
Иако има тук и таму по некоја ситна нелогичност, предобро е склопен. Имате психопат, жртва, херој и пресврт.
Хали ми е перфектна за филмови ко Готика и овој. Препорачувам.
Солидна 9ка.
Ситна нелогичност како на пример дерење на цел глас во гепек, а притоа шоферов не те слуша.
Или моментот кога го преслушува Џордан повикот, и делот кај што разговара со овој психопатот е на самиот крај од повикот, а на екранот, покажува како да е на средината на повикот.
Или пак кога храбрата Џордан иде да го пронајде серискиов убиец, психопат удрен у лево крило, без ниедно оружје во неа. Сигурно се надевала на Супермен.
Девојка во гепек, убиецот е на еден чекор од неа, тишина, телефонов титка, ѕвони ор ватева и Мајкл не го приметува тоа.
.....
Мене не ми се баш ситни нелогичностиве
Онака, не е лош филмот, интересен е, еве да ги занемарам погоре споменативе грешки, ама јас сепак би му дала 7-ца, на стаклени нозе.
Што знам, очекуваш адреналин, го има не дека не, ама некако заморен адреналин, не знам како да го крстам. Јас 5 пати проверував уште колку има до крајот, знаеш она чувство кога сакаш да го догледаш до крај, ама едвај чекаш да заврши