Тетоважа

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
522396_413507152008904_173494666010155_1570065_1341751883_n.jpg

Еве ви една идеја :rofl
 
sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Сакам тетоважа,но мала и сакам само да ја имам јас и само јас.
Уникатна и што ќе опишува дел од мојот карактер или нешто од мене.
Се уште немам ставено оти неможам да си пронајдам нешто такво се уште.
Кога ќе најдам ќе ставам трајна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Сакам, на нога, над глужд. Некоја мала, ситна. Што би можело да е, немам идеја, но ми изгледа убаво таму :D
Нејќам над гз, на раце, грб, врат.. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Па тоа е некој ако не знае убаво да ја нацрта може и за 400ден. да ја прави, а тој што знае дека ке ја направи топ сигурно ке земе поскапо:)
Зарем постои некој што ќе застане да те тетовира за 400? И 1000 се премалку, да не зборуваме пак за некои смешни суми?:eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA and Bum-Bum

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Зарем постои некој што ќе застане да те тетовира за 400? И 1000 се премалку, да не зборуваме пак за некои смешни суми?:eek
Има секакви, ја имам тетовирано за без пари:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Има секакви, ја имам тетовирано за без пари:D
Во ред Гонзо и јас тетовирам, исто така имам тетовирано за без пари, но кога веќе наплатуваш наплатиси го трудот како што доликува. Ја знам тежината на тетовирањето и не би тетовирал некого за овие смешни суми, подобро не би му наплатил.
Btw за една тетоважа, потрошен материјал- игла, ако има боење уште една игла бидејќи не се исти, мрсна хартија, индиго, стенсил, боја. Не е скап материјалот но набавката ја правам од Ибеј така да има чекање.
Пред тоа имаш подготовка на тетоважата , односно нанесување на контурата со стенсил ја прецртуваш, мора да бидеш сконцентриран, и да имаш стабилна рака. На некој влакнест треба и да го избричиш или депилираш:D
Не се класифицирам како професионалец јас сум аматер и тоа не е моја професија, начинот на кој заработувам е сосема различен, ова е нешто како хоби.
Исто како тебе и јас имам тетоважи за без пари.;)
 
Maks

Јасно ми е се тоа братко, не е баш лесно да направиш тетоважа, концентрација треба и доста е заморно, ама за тие смешни суми па и не верувам дека можеш да очекуваш добра тетоважа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
У Штип минимална цена е таа 400 ден.
Ги жалам, воопшто не си го ценат трудот.
Претпоставувам дека не се ни професионални во работата, што се однесува на секое тетовирање неотпакувани нови игли.
Во стерилизираните немам доверба. Исто така наместо стенсил користат стикови, наместо мрсна хартија а4 формат лист за штампање. Ако веќе тетовираме за без пари барем да заштедиме на материјалите. Би била стратегијата.
Не генерализирам има и исклучоци, но на повечето таков им е карактерот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA

Maks

Староседелец
Во Штип има само 4 што тетовираат и на едниот му ја пишува таа цена минимално 400, а кај тој што јас се тетовирав тој си одредуваше цена според големина, местото и тежината на изработка на тетоважата :)