Имам 3, на задниот дел од вратот, на стапало и на зглобот на раката. Ќе има уште во иднина.
Во глобала сум ЗА тетоважи, ама само
ДОБРО промислени, со значење и НЕ направени за фалење... Ако направиш за фалење која е поентата, после месец-два-три сите ќе ја видат и после шо? Ќе се каеш. Дека изгледа грдо на стари години, и тоа да. Затоа гледам јас моите да ги ставам на помалце видно место или на место каде што ќе можам да ги покријам подоцна (подоцна може да значи после 20-30 год, но може да значи и во не толку далечна иднина, со оглед на тоа што на некои работни места навистина не доликува 'ишарана' кожа). Значи совет и од мене: THINK BEFORE YOU INK! И тоа многу, многу убаво размислете.
Сликите што ги ставивте од кај BOBI TATTOO ми се свиѓаат, го имам типот на фб, гледам нон-стоп нови тетоважи... ептен ми се свиѓа неговата работа, па можеби некогаш во иднина и кај него ќе појдам. Ама како викаат - бербер и tattoo мајстор не се менува.
Мене ми се сите три досегашни од кај ист мајстор.
А, да, и за тие што прашуваат дали боли - не многу. Се осеќа само мало пецкање на кожата, ништо неиздржливо.