Постојат повеќе типови. Тетоважите од к'на траат до 2 месеци, зависи од квалитетот и на кое место е т.е. дали се мие или не повеќе местото. Се црта и со водоотпорни мастила, ама тоа сепак дали недела би траело...А дали постојат привремени тетоважи? Пример ја носиш 2-3 години, сакаш да смениш и како што се отстранува лак за нокти со ацетон така да може тетоважата да се отстрани со некоја супстанца?
Некако ми е логично да има начин кој не предвидува игли ама не знам
Имаше и едни ко лепенки, често ми излегуваа по Инстаграм, и тие исто би требало демек да траат по неколку недели, но повеќе од тоа нема, бар не колку што знам.
Е сега, опасноста да добиеш алергиска реакција на првите е поголема отколку од трајна тетоважа пошто често ги прават на улица и ги цртаат сите со иста игла (малку ко оние за плетење е оваа, ама не навлегува под кожа), а колку-толку, може да се деси да те изгребе подлабоко.
Од привремени би одела со лепенките, така некогаш ако ми текне стварно тостер на чело да ставам.
За 2-3 години, не знам, стварно. Имало на луѓе што им исчезнале тетоважите поради неквалитетно мастило, па ваљда и тоа се рачуна. Или после евентуално да се тргне ласерски.