Тетоважа

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ептен ме бендисува, само некој добар тату мајстор што знае во детал да ја исцрта иста.

1606906_1066875440005741_7461902806115929539_n.jpg
да не испадне лоша копија ко оваа :D

original.jpg
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Coci8 and Altaïr

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
одамна преговараме со систерот да направиме по една сестринска тетоважа...сеуште се одлучуваме кога, како и каква и на кое место :D

3137.jpg
sister-tattoos-4.jpg
 
Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Обожавам тетоважи :)
Моментално имам 2 тетоважи, втората што ја направив ми е голема на левото рамо, имам речиси полуракав (израз во тетовирањето, кога половина рака ти е истетовирана).
На есен ќе правам и трета тетоважа ;)
Најдобар период од годината за тетовирање е есента, од повеќе причини.

И двете тетоважи ми ги изработи Емилија Пендева особено полуракавот (кој што беше прилично захтевен, и бараше голема прецизност) ептен профи ми го направи, и контури, сенчење, чиста 10-ка, презадоволна сум ... вкупно 6 часа активно тетовирање беше потребно, затоа што во една сесија ја правев тетоважата.
И третата тетоважа она ќе ми ја прави, матична ми е, не ја мењам :D

Еве едно видео од нејзината свадба, тетоважата со черепот и ја обожавам, прекрасна креација :)

  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and BadBoy007

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,524
1,183
Big Sur
Мојата желба за тетовирање се нема сменето, а не сум ги сменила ни замислите што ги имав пред години, така да само прашање на време е кога ќе ги направам.
Во моментов имам две и и двете се на видливи места т.е. на левата и десната подлактица однатре. Едната ја цртав сама (сакам малку да ја доправам сега), другата е one-line од Нефертити и е доста големка.
Дали одамна ми се допаѓале? Да.
Дали имаат посебно значење? Можеби до некој степен, но не баш.
Искрено, ако ви се допаѓа и сте спремни да го носите цел живот, и тостер истетовирајте си на чело, па ич да не ви е гајле да ве прашува некој за значење. Може сакам препечен леб, и?
Unpopular opinion: А, па една симболика што е ако си го истетовирам хороскопскиот знак или иницијалите/имињата на децата, па, па... да не ќе заборавам како се викаат.

р.ѕ. Еднаш запознав лик што сопственото име си го има лупнато на подлактица и тоа со онака НАА букви. :frantic :zelen :zelen
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,906
1,683
Disco

А дали постојат привремени тетоважи? Пример ја носиш 2-3 години, сакаш да смениш и како што се отстранува лак за нокти со ацетон така да може тетоважата да се отстрани со некоја супстанца?
Некако ми е логично да има начин кој не предвидува игли ама не знам :)