Мојата желба за тетовирање се нема сменето, а не сум ги сменила ни замислите што ги имав пред години, така да само прашање на време е кога ќе ги направам.
Во моментов имам две и и двете се на видливи места т.е. на левата и десната подлактица однатре. Едната ја цртав сама (сакам малку да ја доправам сега), другата е one-line од Нефертити и е доста големка.
Дали одамна ми се допаѓале? Да.
Дали имаат посебно значење? Можеби до некој степен, но не баш.
Искрено, ако ви се допаѓа и сте спремни да го носите цел живот, и тостер истетовирајте си на чело, па ич да не ви е гајле да ве прашува некој за значење. Може сакам препечен леб, и?
Unpopular opinion: А, па една симболика што е ако си го истетовирам хороскопскиот знак или иницијалите/имињата на децата, па, па... да не ќе заборавам како се викаат.
р.ѕ. Еднаш запознав лик што сопственото име си го има лупнато на подлактица и тоа со онака НАА букви.