1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Страв од заболекар

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од mAcIkA, 26 јуни 2012.

  1. TheQueen

    TheQueen Истакнат Член

    Зачленет на:
    2 ноември 2013
    Мислења:
    495
    Допаѓања:
    376
    Јас повеќе страв имам од обичен лекар отколу заболекар. Не знам зошто...
     
  2. Anaskopje

    Anaskopje Староседелец

    Зачленет на:
    7 јануари 2013
    Мислења:
    28
    Допаѓања:
    3

    Ti blagagodaram na odgovorite pred se. Dali e bolno dokolku mi ja vadat osmicata? Kako ide toa, nikogas ne mi vadele.
    I ako moze da mi kazes samo za sto se upotrebuvaat tie laminati i bondiranje na zabi? Toa e za ispravuvanje na zabi ili ? Nekoj nacin na ispravuvanje zabi osven protezi?
    Uste ednas, ti blagodaram.
     
  3. TheGirl

    TheGirl Нов член

    Зачленет на:
    6 декември 2013
    Мислења:
    7
    Допаѓања:
    2
    Нема да те боли воопшто не се секирај.Се става анестезија и лесно ќе го извадат.Ти гарантирам.
    Бондирањето може да направи чуда за обоените заби кои не реагираат на белење, но и применување на формата на неправилно поставените заби. Третманот за бондирање е многу пократок и поевтин во споредба со протетските коронки и ламинати.
     
  4. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Хоуп* за цените не збори. Ко да идеш бубрег да ти трансплатираат, а не кариес да ти лечат.
    Јас пред две години, да не наименувам стоматолог нели и ординација, дадов 4000 денари за чистење на забен камен и пломбирање на заб ( а, не ми го ни испломбира што е најстрашно, три пати ме враќаше демек не фаќал лекот за умртвување на живец, на крај мене ми умртви вољата да му ја гледам жабјата фаца и очи не ми виде веќе), 4000 денари!!!
    Па кај живееме ние бе? Какви се тие цени, да не стапнеш на забар :/
    Сега идам кај една млада девојка која работи прекрасно, не е скапо, значи нормални цени што можеш да си ги дозволиш, плус пријатна е, секогаш ти се посветува и буквално на проверка само да отидеш и стварно сум задоволна.
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    А замисли тек колку е во странство чим доаѓаат иселениците наваму строго поради тоа.
    Многу е скапо навистина. Пломба 600 денари, па лекови ова она заб ќе те фати иљадарче.
    А дневница 200-300 денари.
    Плата за 4 заби да направиш и да грицкаш нокти после со нив.
     
    На True_Blood му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,263
    Допаѓања:
    9,106
    Не зборувај. Во мојот термин ми налета една од Австралија, 45 скапав на столче в чекална.
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Aleksis

    Aleksis Jukebox

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    1,440
    Допаѓања:
    2,539
    Јас немам страв од заболекар,можеби затоа што само еднаш имам отидено,па не се сеќавам како беше.Здрави ми се сите заби,немам проблем со нив.Да видиме до кога.
     
  8. Anaskopje

    Anaskopje Староседелец

    Зачленет на:
    7 јануари 2013
    Мислења:
    28
    Допаѓања:
    3

    Последно прашање, ветувам :)
    Како се врши тоа бондирање? Болно е? Се вадат заби или не? Мене ми треба конкретно за единиците, ми се искривени. Ми викаат дека сум требала да носам протези фиксни 2 години, меѓутоа не сакам протези. Ако не ти е тешко, малку да ми опишеш околу ова.
    Благодарам.
     
  9. TheGirl

    TheGirl Нов член

    Зачленет на:
    6 декември 2013
    Мислења:
    7
    Допаѓања:
    2
    Еве поопширно :)
    Бондирањето спаѓа во поновите техники за корекција на изгледот на забите и е една од најважните и најчесто користените процедури. Со оваа техника се поправаат оштетените делови, се менуваат старите пломби со естетски материјали за полнења кои се нанесуваат на паста од композитна смола. Таа е во различни нијанси и се стврднува многу брзо кога се изложува на ултравиолетова светлина. Може да се исполира и измазни, а сјајот е идентичен со сјајот на природните заби.

    Како се изведува бондирањето?

    Во последните триесетина години беа развиени различни видови бондинг-системи, кои овозможуваат сигурно и безбедно поставување на материјалите без големо стружење на забот. Бондираните реставрации се отпорни кон поголем притисок без опасност од кршење. Со нив се "заштедува" голем дел од здравата забна структура. Техниката на бондирање е идеална за реставрирање на напрснатите или скршени заби, скриено обојување под површината на забите, но и за затворање на малите простори меѓу забите.
    Третманот на бондирање е многу пократок и поевтин во споредба со протетските коронки и ламинати. Подготовката на забот за бондирање се состои во мало состружување на површината и премачкување со течност за бондирање. Течноста прави микропукнатини во површината, за да може да се сврзе (бондира) бондингот - реставративниот материјал со забната структура. Во зависност од проблемот на забот, стоматологот одлучува дали ќе постави композитна смола, акрилни или порцелански ламинати. Композитната смеса се обликува во саканата форма, се дотерува и полира, со што се добива убав и природен изглед на забот. Целата постапка комплетно се завршува со еден третман и кај најголем дел од случаите се изведува без локална анестезија.
    За акрилните и порцеланските ламинати се користат истите смолести материјали како кај бондирањето, кои се употребуваат и за предните површини на забите.

    Предности на композитите
    Естетскиот изглед е најголема предност, бидејќи бојата на композитот се избира според бојата на забот на кој се поставува. Затоа поправката е сосема вклопена во природниот изглед на забот. Композитот се бондира, се сврзува со забната супстанција, го зацврстува останатиот дел од забот заштитувајќи го од кршење. Истовремено има улога и на изолатор од температурни промени од храната. Композитните материјали се релативно евтини, а композитните смоли се во различни бои и нијанси, така што може да се направи најсоодветен избор на бојата на композитот со бојата на природниот заб. Со правилна и внимателна нега на забите со композитни реставрации се обезбедува нивна долготрајност. Бондираните заби, треба секојдневно да се четкаат со четка и паста за заби и со забен конец. Ова особено се однесува на пациентите што пијат кафе, чај и пушат цигари, бидејќи од кофеинот и никотинот потемнува композитниот материјал. Композитните реставрации имаат покус век на траење, споредено со порцеланските ламинати или коронки. Затоа треба да се "обновуваат" на секои пет до десет години.
    Биди раат, безболно е а забите ќе ти бидат пуфче :)
     
  10. Anaskopje

    Anaskopje Староседелец

    Зачленет на:
    7 јануари 2013
    Мислења:
    28
    Допаѓања:
    3

    Фала ти, Господ здравје да ти даде за исцрпниот одговор :)
    Убав ден :)
     
    На TheGirl му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: