Страв од заболекар

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
376
516
393
Сите ние одиме на заболекар..Кој повеке кој помалку..И темава ја отварам затоа што многу ми е страв да одам на забно..Едноставно се убедувам со недели кога ,па како па со кој и никогаш не одам сама(:|..Па да споделиме некое интересно искуство што ни се има случено таму..Јас на пример си го имам стравот уште од мала кога таткоми ме носеше кај неговиот заболекар..Стар и крупен човек и кој стално ме плашеше дека сите заби ке ми паднат ако не одам на забно и како нема да ме боли со машинката и триста глупости..А мене ме боли ме корни(worried)...
Па ајде пишувајте..дали само јас си го имам стравот или има и други кои што не сакат да го посетуваат тоа ,, страшно ,, местоscary_dentist.png
 
  • Like
Реакции: Aaliyah and Gemini

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,227
3,542
1,143
Нема поголем страв од овој ! Правам заби само со анестизија инаку никако ! :frantic
 
  • Like
Реакции: Luckky and mAcIkA

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,490
1,123
Скопје
Не треба да се плашиш. Пред се треба да избереш стоматолог во чие присуство ќе се чувствуваш сигурно и опуштено. Мојот стоматолог делува како еликсир за опуштање, а и ординацијата е секогаш со позитивна атмосфера, музика.. некоја смеа....
Одам редовно на стоматолог, ама никогаш не и давам да ме допре со таа глупавата машинка пред да ми вбризга анестезија... откако нема ништо да чувствувам што сака нека ми прави, а јас си слушам музика...:cool:
 
  • Like
Реакции: ScoobyDoo

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Мислам дека секој човек има барем малку страв или трема од заболекар. Јас што и да е, само со анестезија правам, иначе ќе станам и ќе си отидам кај друг заболекар кој ќе ми ја испоштува желбата. После инекцијата, ставам слушалките, затворам очи и чекам да ме "разбуди" кога ќе заврши.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,541
2,555
1,133
Нема, а на кој не му е страв од заболекар, мене ми е проблемот до дека да се решам да отидам до таму. Инаку од болката не се плашам 5 минути е, а си знам дека ќе си немам проблем подолг период. Така да тие 5-10 минути до дека ми го прават забот мислам само на најубавите работи кои ми се случиле и едноставно заборавам на болката :)
 

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
31
Струмица
Имам фобија од инјекција( ми се врти кога ке ја видам, а не пак да ја осетам на своја кожа) и во никој случај не практикувам анестезија :S Стоматологот е школски другар на татко ми, сето тоа го знае и цел живот тој ми ги одржува забите без никаков проблем со големо трпение и разбирање, одам на секој 3-4 месеци на преглед и никогаш сум немал проблеми. Е сега болката е малку поголема ама се издржува-трае кратко но е излечено и поправено за најмалку 20 години ако редовно ги мијам и чистам. А со машинката која бучи како формула :) си немам проблем-не ми пречи :)
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,078
1,153
Wind Of Change
Се плашам од машинката ме нервира кога ќе почне да бучи но малце по малце се губи стравот во мене понекогаш практикувам анестезија а понекогаш не и не ме боли, матичната ми е срцка немам зборови од тоа како си ја врши работата и затоа одам сама и порано одев сама немам гајле :biggrin
 
  • Like
Реакции: Kiril

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Како помал имав страв. И еден ден татко ми ме носи на забар, и ми вика ако не плачеш (кога бев мал, 10 годинки) ти купувам точак. И ете, точак си добив. И од тогаш до сега си одам секој месец на забар, никакви проблеми. 4 операции правев на заби.
 

m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
30
Чајџилница
Мавам неколку ракии пред да отидам многу ми е страв кога ке ја видам со она што буши еднаш ме бушеше до живец прскаше крв исто како да ми правеше операција на отворено срце
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
22
Куманово
Како мал имав многу страв од заболекар. Еднаш на таа една млада заболекарка и каснав од прстето, малку младо мевце да пробам :rofl. Сега немам страв, каква анестезија, повеќе ми е страв од анестезија отколку од таа машинката. Ја имам извадено петката, тоа беше мачно, целиот се испотив и беше таму мојата кума и бидејќи не ми беше страв си добим 500 денари :cool:
 
  • Like
Реакции: Slims