Страв од заболекар

King Ogzem

Нов член
10 октомври 2018
5
0
1
28
Здраво Ми се скрши пола заб(7 доле)кој е мртов и се гледа лекот што е го ставала под пломбата, а пломбата си стое.Сега кога натиснам боцка внатре во непцето.Па сакам да ве прашам ако некој знае дали ќе може тоа да се среде со пломба или ќе мора коронка или ќе се вадебидејќитој заб ми се крши 2 пат првоодозгоре сега од страна.Благодарам
 

Кристи99

Нов член
9 октомври 2019
1
0
1
Здраво сакам да прашам вадење на умник дали е болно , анестезија дали боли???? Ви благодарам
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Уште не ми е оправдан страв од заболекар до степен на избегнување и покрај очигледни проблеми со забите што може да го нарушат целокупното здравје.

Океј, може не е најпријатно, па и болно е некогаш, ама се мора бре. Летово ми никна лошо уште еден умник т.е. еве го уште расне, на етапи изгледа, ама толку лошо расне што најверојатно ќе треба и тој да се вади. Ми го воспали и крајникот и цела лева страна, ме чистеа, болеше у пм дека подувано, ама преживеав и ќе одам пак кога треба.

Вадење со анестезија не боли воопшто. Вадев умник што почна да расне право (т.е. криво) накај образ и да ми пречи и беше готово за 3 минути од ставање анестезија до целосна екстракција. Дури да помине анестезијата - поминала и најјаката болка. После не е ништо што аналгетик не може да среди.
Во 6то одд. ми умртвуваа корен само со спрејче-анестетик. Сега да сум, мислам дека нема да ја издржам таа болка, ама алал да ми е тогаш како сама си се тешев ајде уште ова, ајде уште малку. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Порано имав фобија од забари пошто на мене се изживуваа комунистички фаци кои завршиле во времето на Кардељ и кои тврдеа дека било срамота за машка особа да прима анестезија, тоа било за жени и деца.

Но откако ја најдов сегашната матична забарка, неверојатна и феноменална во својата професија не само што немам никаква фобија него и редовно одам на контроли. Не ми се веруваше колкава разлика може да постои во рамки на иста професија, но ете, тоа е тоа. Камо да имаше повеќе како неа во другиве медицински гранки...
Најмногу зависи од тоа каков забар ќе ви се падне.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Anaskopje

Староседелец
7 јануари 2013
29
3
1,013
29
Порано имав фобија од забари пошто на мене се изживуваа комунистички фаци кои завршиле во времето на Кардељ и кои тврдеа дека било срамота за машка особа да прима анестезија, тоа било за жени и деца.

Но откако ја најдов сегашната матична забарка, неверојатна и феноменална во својата професија не само што немам никаква фобија него и редовно одам на контроли. Не ми се веруваше колкава разлика може да постои во рамки на иста професија, но ете, тоа е тоа. Камо да имаше повеќе како неа во другиве медицински гранки...
Најмногу зависи од тоа каков забар ќе ви се падне.
Кажи ја која е, јаа таква барам со години :(