Свесност

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Она што мене не ми штима во поимот свесност е тоа што кога ја посочувате ја поврзувате со „контрола“, „контролирање“, „менаџирање“... Не ми е јасно, зошто и од каде таа потреба за контрола?
Зборувате за свесност и просветлување и себеспознавање, себеприфаќање, а во сето секаде се вмешува таа потреба за контрола.
Не велам дека контролата не е потребна во одредени моменти, затоа е тука разумот. Но не е потребна постојано - затоа се тука чувствата.
Зборувате за хармонија и достигнување до суштината, ама постојано имам впечаток дека целта на сето тоа не е прифаќање на спознанието, туку искористување на истото - за да се влијае на сѐ онака како што ќе посакаме. Тоа не ми е хармонија, тоа ми е доминација - да се стави разумот пред сѐ и над сѐ.

Мене пак интересно ми е што зборат за контрола на разумот над се`, ама преку искуства (две спротиставени филозофии, емпиризам и рационализам). Филозофски кажано некако би дошло Емпириски рационализам или Рационален емпиризам, не сум баш сигурен :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153

нека е и контрола на разумот над сѐ, битно е контрола.
а незнам каква е таа хармонија кога едно (кое и да е) има контрола врз другото.
За мене свесност значи прифаќање на себе од минус до плус, такви какви се. Сѐ друго ми е само добар изговор за бегство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: the.boy and slb_bobo

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
chakras_gateways_to_consciousness.jpg

Е вака. Едукацијата на умот без учење на срцето без условно да љуби не е целосна едукација - Аристотел.
А цело е кога има се. Само отворен ум е свесен ум. Ум што прифаќа се што го опфаќа, а во едно и го љуби. Ние луѓето сме чудесни суштества. Некогаш ги сакаме и болката, страдањето, заморот, додека знаеме дека благосостојбата е спротивна од овие три појави. Гледаме и доброволно хорор филмови за да се плашиме, некогаш кога сме понижувани намерно се соочуваме со тоа и прифаќаме да бидеме " боксерска вреќа ". Значи очигледно е дека ние луѓето го сакаме стравот, пошто тој е некогаш тука за да ни укаже дека сме во опасност т.е еден вид на заштита. Некогаш свесни дека не лажат веруваме на сосема трета особа и го следиме нејзиниот ритам на живеење. Само заради тоа што можеби имаме некакво очекување. Знаењето не е само да го користиме мозокот како куфер полн со информации, туку способност на умот да биде победник над се, владетел...т.е да ја " води играта ". Да изманупилира со секоја ситуација и да не мора да се адаптира туку да ко-креира свој благосостојби. Свесноста не им припаѓа на дрдорковци како мене, туку на едноставните луѓе кој имаат две срца, едното да им чука, а другото да им љуби. :)
 
Дали воопшто има цел да те цитирам?? Ум што прифаќа сѐ што го опфаќа, а воедно и го љуби, ама способен да биде победник над сѐ, владетел, да ја води играта, да манипулира за да не мора да се адаптира.....

Која љубов, која хармонија, кое прифаќање, кога поентата ја гледаш во владеење, контрола, манипулација?
Мислам.... свашта.
Стварно не ве разбирам, одбирате некои патишта за кои ниту сте подготвени, ниту имате макар основни познавања, за да ги разберете работите, ниту па знаете зошто воопшто сте го одбрале тој пат.

Можеби не ги разбирам ни Abraxas ни Хептаграм кога ги читам, ама барем не ми се хаотични и барем ми е јасно дека се начисто со себе и дека знаат и што пишуваат и зошто тоа го пишуваат/мислат/живеат, оти не го прават на памет, ни ради мода, ни ради тоа што им се видела како забавна бајка која ќе им помогне да избегаат од реалноста и од глупите животни проблеми...

Сакате свесност?? Тогаш стегнете заби и сфатете ја првата и најосновната и најбитната лекција - нема бегање од себе. Ни милиони патеки да смениш, ни на милиони места да стигнеш, ни во милиони дупки да се скриеш - пак нема да избегаш од себе.
И за тоа не треба ни Буда, ни зен, ни мен, ни дрн-дрн јариња.... Grow up.
 
Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
а од кој агол ги гледаш работите сега?

Ух, премногу комбинации се испреплетени низ годините градејќи ми го овој денешен агол. Долга е и широка, а и не знам дали би можел да се изрaзам, а да бидам разбран. А и сосем небитно е, тоа е индивидуална ствар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не ги разбирам муабетиве за пронаоѓање.....кога тоа сте се загубиле па сега да треба да се пронаоѓате !?

Кога сме кај свесноста за малку поконкретни работи.......дали сте свесни дека од секој ваш мобилен капе крв? Дека со купување на мобилен телефон - придонесувате за нечие страдање? Дека сите сме соучесници во убиства? Во измачувања кои не ги забележале ни најцрните хроники на средниот век? :)

We are stone cold killers. For a start... ете материјал за самоспознавање, ако не верувате - има докази :)

Се` е тоа фино, сите контемплативни состојби, медитација, филозофија па дури и altered states of consciousness но сепак не можам да се ослободам од еден сомнеж...
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
"Можете да ги контролирате само оние работи за кои сте свесни;оние за кои не сте свесни ве контролираат вас.
Луѓето секогаш се робови на тоа за кое не се свесни.
Кога ќе станеме свесни се ослободуваме од тие работи.И понатаму се тука,но не не контролираат,не не вознемируваат.
Ете што е разликата."

Антоние де Мело

Што за вас претставува свесноста и која е поентата на истата?
Дали и колку успевате да сте свесни?
Дали воопшто целите кон свесната состојба?

Повелете:)

Да биде човек свесен потребно е да има срце(камено) и да има чист ум.
Ако едно од овие две работи не ги исполнува нема да биде свесен,односно ќе се води по емоциите од срцето или по желбите на умот.

Свесноста преставува набљудување на средината,без на истата да делуваш за да ја промениш,што значи во неа не учествуваш,а истат ја разбираш и како таква ја прифаќаш.Затоа е многу битно срцето да се скамени и умот да се испразни.

Која е поентата?
Кој да одговори на ова прашање,срцето или умот?:rolleyes:

На третото прашање не, никогаш не сум целел.
Малку е лошто поставено,исто како да ме прашаш дали целите кон смртта,не.Таа доаѓа ненадејно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата

Свесноста не контролира,не менува ништо.
Сето горе наведено(во претходните постови од дискусијата) е само делувањето на свесниот човек.
Свесноста само набљудува.
Ништо повеќе ништо помалку.
Што е свесноста?
Уште еден поим без дефиниција нели?
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Свесноста не контролира,не менува ништо.
Сето горе наведено е само делувањето на свесниот човек.
Свесноста само набљудува.
Ништо повеќе ништо помалку.
Што е свесноста?
Уште еден поим без дефиниција нели?

Свесноста не конторлира?
Немора да значи.Претежно конторлира.
Кога не сме свесни за некои работи,неможеме ни да делуваме врз истите.
Менува итекако.
Ете еден прост пример.
Кога не сме свесни дека некого сакаме,не се ангажираме околу него воопшто.
Кога стануваме свесни,па дури и самите се менуваме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Female and slb_bobo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Свесноста не конторлира?
Немора да значи.Претежно конторлира.
Кога не сме свесни за некои работи,неможеме ни да делуваме врз истите.
Менува итекако.
Ете еден прост пример.
Кога не сме свесни дека некого сакаме,не се ангажираме околу него воопшто.
Кога стануваме свесни,па дури и самите се менуваме.
Примеров ти е што да ти расправам Мелпомена.
Како може некого да сакаш,а да не си свесен за тоа?
Да сакаш некого несвесно??