Свесност

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
па баш така, точка во која ништо не се случува, а сѐ постои, точка на потполна рамнотежа која никогаш не се нарушува.
Не ми се допаѓа тоа. Ми личи на бара со застојана вода. Ни во неа нешто се влева, ни од неа нешто истекува, оти сѐ е тука и постојано присутно. Тоа па ми личи на мртвило.


Добро сега сме некаде на иста фрекфенција. Да тоа е тоа и се согласувам со тебе.
Но ако сме сосема свесни за чувствата не би настанала рамнотежа туку би настанал хаос. Или би настанала рамножа и поради тоа би настанал хаос кој се одразува во нашите дејствувања.
Не можеш да седиш мирен ако си сосема свесен за секое чувство, баш напротив - ќе се обидуваш да го насочиш или пренасочиш, интензивираш или да го натераш да стивне. едносатвно ќе се избезумиш.

Lena ако дојдеш до рамотежа и баланс на чувствата нема да бидеш среќна ќе бидеш во рамнотежа и ништо нема да допира до тебе.
Тоа не е здрава состојба.
Ти можеш да бираш и всушност бираш како ќе реагираш и во оваа состојба кога не си сосема свесна.

А на прашањето:
Дали свесната состојба е поврзаност со Бог и вечната мистерија?
Не би одговорила затоа што немам јасно гледиште.
Еве без оформен став би рекла дека свесната состојба не е поврзана со Бог туку со нас самите, а ако ние самите сме свој Бог тогаш да свесната состојба е поврзана со Бог.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
"Можете да ги контролирате само оние работи за кои сте свесни;оние за кои не сте свесни ве контролираат вас.
Луѓето секогаш се робови на тоа за кое не се свесни.
Кога ќе станеме свесни се ослободуваме од тие работи.И понатаму се тука,но не не контролираат,не не вознемируваат.
Ете што е разликата."

Мислам дека за да бидете свесни за некои работи и да ги контролирате, да постојат поточно за вас, треба да сте имале искуство со истите тие работи и да ги спознаете максимално.
Спознавање на нивните карактеристики, вашите карактерискити и врските што постојат помеѓу вас и работите кои моментално ги осознавате, со кои имате моментално искуство. Како ќе контролирате нешто ако не знаете како се однесува? Како ќе знаете како се однесува некоја работа во однос на вас ако не сте имале интеракција со истата?
Без искуство - ништо не постои за човекот. И во тој случај верувањето ја заменува свесноста.

Свесноста според мене е поврзана со искуството, знаењето, практичното, реалното.
Се друго е дело на мрзливоста на умот и неговото седење во сенка и кулиркање :)

П.С. Не можам да кажам апсолутна дефиниција КАКО е да се биде свесен... апсолутно спознавање е шеговита кованица која не значи ништо ако се поставите на местото на сонцето, или ако сончевиот систем го поставите како еден микрокосмос, а не макрокосмос, гледано од Земјата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Точно.
Со тоа би створиле рамнотежа.
Би хармонирале се во нас почнувајќи од чувства,мисли и делувања.
Би било можно да се створи здрав баланс на сето тоа.
Луѓето кои се свесни знаат дека едно чувство се појавува во нив пред комлетно да ги обземе.
Во тој случај тие знаат и како да реагираат на истото без да дозволат тоа да владее со нив.
Пр.
Се расправаш со некој и ти кажува некој збор кој те повредува.
Во тој момент реагираш со одредени чувства на тој збор.
Оној кој е свесен знае како да ја контролира таа ситуација.
Може да бира.
Дали ќе реагира негативно или позитивно или воопшто нема да реагира на тој збор.
Сакам да кажам нема да дозволи несвесна реакција на умот која води до различни расположенија.
Свесните луѓе имаат контрола над самите себе.
ми се чини дека чувствата не биле смислени за да се контролираат, можеби само до одреден степен, но никако целосно.
Си била ли некогаш преплавена, ама буквално преплавена од чувства? Мене во животов ми се случило такво нешто 3-4 пати.
Доживувањето на такви моменти, за мене значи да се биде жив. Да постоиш - е лесно. Да живееш - е тешко.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
ми се чини дека чувствата не биле смислени за да се контролираат, можеби само до одреден степен, но никако целосно.
Си била ли некогаш преплавена, ама буквално преплавена од чувства? Мене во животов ми се случило такво нешто 3-4 пати.
Доживувањето на такви моменти, за мене значи да се биде жив. Да постоиш - е лесно. Да живееш - е тешко.
Ми се случува постојано:)
Не можам да кажам дека сум свесна затоа што не сум комлетно свесна.
Не на тој начин не до толку.

А како би било кога тоа да живееш и да постоиш би се соединило?
Проблемот е што ние само живееме без да бидеме свесни за нашето постоење.
Живееме умираме,се жалиме,патиме,се радуваме,љубиме,кукаме и уште милион такви расположенија.
Притоа забораваме дека постоиме.
Или се лажам?
Пробај да живееш и да постоиш можно ќе биде?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ми се случува постојано:)
Не можам да кажам дека сум свесна затоа што не сум комлетно свесна.
Не на тој начин не до толку.

А како би било кога тоа да живееш и да постоиш би се соединило?
Проблемот е што ние само живееме без да бидеме свесни за нашето постоење.
Живееме умираме,се жалиме,патиме,се радуваме,љубиме,кукаме и уште милион такви расположенија.
Притоа забораваме дека постоиме.
Или се лажам?
Пробај да живееш и да постоиш можно ќе биде?


Не си свесна дека постоиш?? :unsure :eek
Јас сум свесна, постојам и живеам.
А што ти е целта инаку на муабетиве ?
Која е твојата замисла?
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Марија
те цитирам:
"Lena ако дојдеш до рамотежа и баланс на чувствата нема да бидеш среќна ќе бидеш во рамнотежа и ништо нема да допира до тебе.
Тоа не е здрава состојба.


Не се согласувам со ова.
Свесноста е најздрава состојба која постои.

"Ти можеш да бираш и всушност бираш како ќе реагираш и во оваа состојба кога не си сосема свесна."

Дали навистина бираш?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996 and Umpuranche

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Јас сум збунет на темава... до даска... абе не доволно сме свесни за самите себе... а дали дедо Богдан ( Бог ) сакал така или не сакајќи не створил такви, тоа појма немам... :rofl
А да се контролираат чувствата со помош на свеста не би било забавно... замисли сега да сакам да имам пеперутки во стомакот и да ги имам... и после да ги изгаснам... што фајде... всушност тие се и контролираат, ама не по волјата на индивидуата, туку по волјата на Богот на индивидуата :D
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Марија
те цитирам:
"Lena ако дојдеш до рамотежа и баланс на чувствата нема да бидеш среќна ќе бидеш во рамнотежа и ништо нема да допира до тебе.
Тоа не е здрава состојба.


Не се согласувам со ова.
Свесноста е најздрава состојба која постои.

"Ти можеш да бираш и всушност бираш како ќе реагираш и во оваа состојба кога не си сосема свесна."

Дали навистина бираш?


Да бирам. Тоа се вика контролирано реагирање. Се учи со тек на време. Ако не сакаш да бидеш импулсивен и брзоплет можеш да научиш како свесно ќе реагираш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and Harmonija

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не си свесна дека постоиш?? :unsure :eek
Јас сум свесна, постојам и живеам.
А што ти е целта инаку на муабетиве ?
Која е твојата замисла?
Браво за тебе:)
"Поентата на свесноста "беше темата.
Не ми ги врти зборовите.
Реков дека не сум на тој начин(потполно свесна)
Не на тоа ниво на свесност за кое се зборува овде.
Свесна сум како и секој нормален човек.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996 and Harmonija