Свесност

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Да бирам. Тоа се вика контролирано реагирање. Се учи со тек на време. Ако не сакаш да бидеш импулсивен и брзоплет можеш да научиш како свесно ќе реагираш.
Значи ти си свесна?
И со ова го потврдуваш она што го напишав.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Lena во погрешна насока почна да ни се движи муабетот.
Дефинитивно не се разбираме.
Моето мислење околу темата е изнесено погоре низ неколку постови.
Не сум потполно свесна и никој не е. Препрочитај ги моите мислења.
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Ниту сме свесни ниту сме будни, ниту постоиме... сонуваме, обидувајќи се да се освестиме... затоа и страдаме. Додека за време на една свадба сите изгледаат среќно навидум, внатре се тажни и празни. :)

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Ми се случува постојано:)
Не можам да кажам дека сум свесна затоа што не сум комлетно свесна.
Не на тој начин не до толку.

А како би било кога тоа да живееш и да постоиш би се соединило?
Проблемот е што ние само живееме без да бидеме свесни за нашето постоење.
Живееме умираме,се жалиме,патиме,се радуваме,љубиме,кукаме и уште милион такви расположенија.
Притоа забораваме дека постоиме.
Или се лажам?
Пробај да живееш и да постоиш можно ќе биде?
Постојано? тогаш не ти се случило тоа на кое мислев. Преплавување од емоции, тотално и буквално преплавување, е нешто кое не е возможно да се случува постојано. Оти ако се случува постојано, тогаш интензитетот на истото е рамномерно распределен и тешко го достигнува максимумот. Тотално преплавување од емоции се случува тогаш кога си најмалку свесен и најмалку го очекуваш. Нити можеш да го предвидиш, нити да го исконтролираш, нити да го предизвикаш само зошто сакаш да го предизвикаш.
Можеби позади сето тоа се крие некоја точно определена хемиска реакција, која можеби некој некогаш точно ќе ја дефинира и определи, па на тој начин ќе стане возможна контролата врз чувствата (се надевам дека тој момент нема никогаш да се случи)

Мене ми се чини дека е обратното - постоиме, а не баш толку живееме.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Постојано? тогаш не ти се случило тоа на кое мислев. Преплавување од емоции, тотално и буквално преплавување, е нешто кое не е возможно да се случува постојано. Оти ако се случува постојано, тогаш интензитетот на истото е рамномерно распределен и тешко го достигнува максимумот. Тотално преплавување од емоции се случува тогаш кога си најмалку свесен и најмалку го очекуваш. Нити можеш да го предвидиш, нити да го исконтролираш, нити да го предизвикаш само зошто сакаш да го предизвикаш.
Можеби позади сето тоа се крие некоја точно определена хемиска реакција, која можеби некој некогаш точно ќе ја дефинира и определи, па на тој начин ќе стане возможна контролата врз чувствата (се надевам дека тој момент нема никогаш да се случи)

Мене ми се чини дека е обратното - постоиме, а не баш толку живееме.



Што мислиш, како функционираат антидепресивите, стабилизаторите, неколку од синтетичките дроги и сл?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Што мислиш, како функционираат антидепресивите, стабилизаторите, неколку од синтетичките дроги и сл?
да, знам, токму на тоа и мислев. Незнам само до кој степен се стигнати тие сознанија, а се надевам дека не се стигнати до крај и се надевам дека никогаш нема ни да стигнат.
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Што мислиш, како функционираат антидепресивите, стабилизаторите, неколку од синтетичките дроги и сл?
Како функционираат, составот напаѓа на жлездите кој лачат хормони, хормоните ја играат главната улога овде... пример мелатонинот како хормон, ако го земеме во форма на таблета ја напаѓа хипофизата која се надразнува и создава повеќе мелатонин, така човекот побргу спие... или пак цигарите, никотинот напаѓа до жлездата за допамин и се чувствуваме релаксирани и настонирани. Свеста не е материја... за да би контролирала жлезди и хормони...