Она што мене не ми штима во поимот свесност е тоа што кога ја посочувате ја поврзувате со „контрола“, „контролирање“, „менаџирање“... Не ми е јасно, зошто и од каде таа потреба за контрола?
Зборувате за свесност и просветлување и себеспознавање, себеприфаќање, а во сето секаде се вмешува таа потреба за контрола.
Не велам дека контролата не е потребна во одредени моменти, затоа е тука разумот. Но не е потребна постојано - затоа се тука чувствата.
Зборувате за хармонија и достигнување до суштината, ама постојано имам впечаток дека целта на сето тоа не е прифаќање на спознанието, туку искористување на истото - за да се влијае на сѐ онака како што ќе посакаме. Тоа не ми е хармонија, тоа ми е доминација - да се стави разумот пред сѐ и над сѐ.
Мене пак интересно ми е што зборат за контрола на разумот над се`, ама преку искуства (две спротиставени филозофии, емпиризам и рационализам). Филозофски кажано некако би дошло Емпириски рационализам или Рационален емпиризам, не сум баш сигурен
