1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Свесност

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од Lena, 31 август 2013.

  1. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    "Можете да ги контролирате само оние работи за кои сте свесни;оние за кои не сте свесни ве контролираат вас.
    Луѓето секогаш се робови на тоа за кое не се свесни.
    Кога ќе станеме свесни се ослободуваме од тие работи.И понатаму се тука,но не не контролираат,не не вознемируваат.
    Ете што е разликата."

    Антоние де Мело

    Што за вас претставува свесноста и која е поентата на истата?
    Дали и колку успевате да сте свесни?
    Дали воопшто целите кон свесната состојба?

    Повелете:)
     
    На Smiley_1996 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    дали свесноста ги контролира и чувствата?
     
    На Smiley_1996, X4ert и slb_bobo им се допаѓа ова.
  3. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Да:).
     
    На Smiley_1996 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    and again, what`s the point?
     
    На slb_bobo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Напишано од Abraxas во чет моабети како одговор на прашањето за поентата на свесноста според учењата и филозофијата на КрОули.

    Во телемата универзумот е претставен во симболиката на египетската божица Нуит, жена која чие тело го претставува небескиот свод. Што значи универзумот е претставен како свесен енитет. Еве еден цитат на Кроули во врска со Бог и неговата поврзаност со се останато:
    “Since all things are God, in all things thou seest just so much of God as thy capacity affordeth thee.”
    ― Aleister Crowley, The Vision and the Voice:


    Прашање:
    Дали свесната состојба е поврзаност со Бог и вечната мистерија?
     
    На Smiley_1996 и Harmonija им се допаѓа ова.
  6. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,146
    Допаѓања:
    2,490
    Мозокот на човекот секогаш ќе има дел кој е несвесен без разлика колку истиот се стреми за достигнување на целосна свесност.
    Несвесниот дел од нас понекогаш не поттикнува да дејствуваме онака како што не би дејствувале ако несвесното не би постоело. Мислам дека тоа е добро бидејќи човекот како свесно битие е заробен во стеги кои не би дозволиле да дејствува онака како што наложило несвесното ако истото не би постоело.

    Свесноста е состојба на умот. Само човековиот ум е свесен на толку високо ниво и поради тоа човекот е битие какво што е.
    Зошто би барале поента на свесноста? А кога ја бараме еве можеби треба да сме свесни за себе си, за она што сме и како функционираме, да сме свесни дека поседуваме и несвесно за истото да не не изненади во одредени ситуации.
    Не целам да сум свесна зошто едноставно сум свесна, размислувам и трошам енергија во она што го правам и зборувам. Моите дела и моите зборови говорат за мојата свесност.
    И не знам дали некој од вас мисли дека е добро да си сосема свесен и несвенсото да не постои зашто јас дефинитивно не се сложувам со овој став.
    Би се изгубиле себе си ако сме сосема свесни во секој момент.
    Имајќи несвесно ние сме заштитени.

    Лена можеш да ми објасниш како тоа свесноста ги контролираа чувствата и како тоа изгледа според тебе?

    Хм... чувствата најчесто се јавуваат несвесно и онолку колку што ги контролира свеста ги контролира и несвесниот дел.
    До каде би стигнале ако само свесноста ги контролира чувствата?
     
    На Arkantos, Luckky, JaMi и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    можеби до некоја крајност која некако многу ми наликува на equilibrium?
     
    На Lena му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,146
    Допаѓања:
    2,490

    Па не знам како ја сфаќаш таа состојба equilibrium. Појасни ми за да се разбереме : )) ?
    Онака како мене што ми е позната не би рекла да е крајност туку точка во која ништо не се случува, а се постои.
     
  9. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Точно.
    Со тоа би створиле рамнотежа.
    Би хармонирале се во нас почнувајќи од чувства,мисли и делувања.
    Би било можно да се створи здрав баланс на сето тоа.
    Луѓето кои се свесни знаат дека едно чувство се појавува во нив пред комлетно да ги обземе.
    Во тој случај тие знаат и како да реагираат на истото без да дозволат тоа да владее со нив.
    Пр.
    Се расправаш со некој и ти кажува некој збор кој те повредува.
    Во тој момент реагираш со одредени чувства на тој збор.
    Оној кој е свесен знае како да ја контролира таа ситуација.
    Може да бира.
    Дали ќе реагира негативно или позитивно или воопшто нема да реагира на тој збор.
    Сакам да кажам нема да дозволи несвесна реакција на умот која води до различни расположенија.
    Свесните луѓе имаат контрола над самите себе.
     
    На Smiley_1996 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    па баш така, точка во која ништо не се случува, а сѐ постои, точка на потполна рамнотежа која никогаш не се нарушува.
    Не ми се допаѓа тоа. Ми личи на бара со застојана вода. Ни во неа нешто се влева, ни од неа нешто истекува, оти сѐ е тука и постојано присутно. Тоа па ми личи на мртвило.
     

Сподели: