Психоанализа на форумџии (читај воведен пост)

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Aleksis ОПАСНА СУБСТАНЦИЈА... срцкичка, мед, кукличка, ѕвездичка... (happy) ти си совршенство...
Јој
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
сакам и јас бе пааа :place
Алексис е забавен член, со добра смисла за хумор, директна и искрена.
Тоа што не се труди по секоја цена и со очајни мерки да ја сакаме кажува дека Алексис нема комплекси, си ги знае вредностите и знае дека пријател може да и биде само оној кој во неа може да ги препознае овие квалитети без претходно со сила да му ги сервира.
Исто и тоа што укори и критики Алексис кажува на профил или во порака, ни кажува дека Алексис е фер личност, сака фер игра, не е подмолна и злобна. Знае понекогаш и да избувне, ама ако ја рчнеш ќе те реши во два потега. : ))
Можеш да ја сакаш или не, не те става на мало прсте : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Aleksis

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
и јас дигам два прста.

Аквариус е еден од најсталожените членови на форумот.Никогаш не влегува во кавга,и дури и некогаш да се најде во такво нешто знае брзо да се извлече, од причина што не сака да се расправа.На прв поглед остава впечаток на арогантна личност,но ако подобро го запознаете ќе сфатите дека не е воопшто таков.Има смисла за хумор и знае да биде саркастичен кога има потреба.Сака да биде таинствен,и не зборува многу за лични работи,но не е човек кој има скриени намери.Неговата заљубеност вешто ја прикрива од другите луѓе,и остава впечаток на срамежлива личност. Коментира исклучиво на оние теми за кои навистина има што да каже,и не се труди по секоја цена да коментира некаде, нешто што нема да има смисла.
Аквариус не зборува многу и остава впечаток на недостижна ''крената'' личност , но во никој случај не е вистински таков.Тој е забавен,добра душа,по малку мрзелив и супер другар!
П.С Мој предлог за следниот твој ник е : Гарфилд :giggle :mstickle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Aquarius

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Се пријавувам.:)
Чекам анализа.
Оф, мило...анализа ќе добиеш секаде освен во темава, неретко дури и без да ја бараш...ама да не ти давам лоши идеи. :D

Нејсе, да не останам само на горнава реченица, ќе се обидам да го сумирам мојот форумски впечаток, базиран на она што го имам прочитано од тебе.

На моменти ко да се потчитнувам себе во оние најкревки години. Често нагласуваш дека никој не те разбира и дека се сметаш за чудна, поразлична личност, но, вистината е дека не е така, само уште не си ги нашла на тебе сличните. Го знаеш она кога ти фали самодоверба т.е. прифаќање и поистоветување со врсниците, но истовремено мислиш дека си подобра/позрела/поразлична од нив? Таков некој впечаток добивам, но тоа е сосема нормално за тие години и е секако подобро од нос во облаци. Сакаш да комуницираш, но на моменти ко да ти недостига потврда од други членови за да започнеш, па целиш кон она што браќа Амери би го нарекле common ground т.е. муабети за кои е јасно дека мнозинството го дели истиот став, или општи, хумористични теми прифатливи за сите, но тоа веројатно се должи на фактот што си релативно нова, па не сакаш да оставиш лош впечаток. Ама, кога нешто ќе ти ја премине границата на толерантност, знаеш да се опуштиш и да си го пуштиш издувниот вентил, па да си кажеш што ти стапнало на нерв.
Ако треба да ти бирам аватар или заштитен знак, би ти ја избрала омилената мандарина. Баш е таква жива, свежа и кревка ко девојче на твои години и знае да биде киселка или блага во зависност од условите. Ми се допаѓа што забележувам дека покажуваш примеси на the dark side, па сметам дека од тебе ќе се развие остроумна девојка...само внимавај тоа да го правиш со доза умереност. Во спротивно, ќе прераснеш во намќор ко мене. :zelen

Сори ако е недоволно или неточно, но тоа е само некој мој основен впечаток што го имам стекнато од прочитаното. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, parvati and TheQueen

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја

Wow, не верував дека ќе добијам толку точна анализа!
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Ај една анализа ко за мене. Пошо веќе ми предложија да се проверам на 5-ти кат на Прилепска болница :)
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Frank,се изначека, нема психолошки профил кој да ти направи.:(
Ај и јас во редот ќе застанам,друштво да ти правам.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991