Психоанализа на форумџии (читај воведен пост)

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Чедо Божје,
интелигентен,
егоистички настроен,
со смисла за хумор(саркастичен хумор)
сакаш кога другите се подолу него ти.
Своите чувства ретко ги отвораш пред другите,
некој би те нарекол бесчувствителен,но тоа не си само затворен во себе.
Амбициозен,се трудиш да го пронајдеш своето место во општеството,
приземјен не леташ многу,времето не го трошиш интересирајќи се за туѓи мислења и животни приказни повеќе си заинтересиран за она што тебе те интересира и кон остварување на твоите цели.
Дружељубив,но не со секого.
Друштвото ти е одбрано и да би пуштил некого во твојот живот,потребно е таа личност да помине неколку тестови.
Кој те има за пријател,те има засекогаш.
Монотонија и предвидливост те замара.
Ја сакаш музиката,
сакаш пиво и сакаш да си го храниш егото со тоа што успеваш другите да ги спуштиш доле на фин/елегантен начин,а тоа ти претставува воедно задоволство.
Многу добро се познаваш себе и ти се допаѓа кога не си омилен.
Сакаш кога имаш контрола над ситуациите во кои се наоѓаш.
Имаш талент се што ќе прочиташ да го задржиш во себе.
Сакаш да учиш ново и кога една тема ќе ја обработиш и совладаш до тој степен да си профи на таа тема,преоѓаш на следната.
Не ти се допаѓаат недовршени работи.
Е толку,другото ќе го оставам за себе :D
Ако се согласуваш протисни дугме like it.
A ако не? Ќе направиш нова?
vozbud.gif

Нема што јас да се сложувам или не, тоа е твојата психоанализа врз мене.

Патем една молба до ipopovski, ако може да го стави смајлито во листата.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
A ако не? Ќе направиш нова?
vozbud.gif

Нема што јас да се сложувам или не, тоа е твојата психоанализа врз мене.

Патем една молба до ipopovski, ако може да го стави смајлито во листата.
Го сменив последниот дел.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
|o$y(|-|0$0(|@l
Ајде ќе пробам јас...
Член кој на прв поглед остава впечаток на таинствена личност која не премногу се отвара низ темите. Моето мислење е дека понекогаш намерно глуми лудило и изигрува ладнокрвна, сериозна фаца но веднаш потоа се искупува со некое убаво постче за својата сакана. :)
Како што кажав, во последно време поголемо внимание обрнува на љубовните теми каде на нај искрен начин ја опишува својата заљубеност.
Многу пати, како и сите ние тука на форумот знае да се сконтра со некого па дури и за глупости. Мислам дека тоа од досада :) .
Ги обожава троловите и глупавите теми и секогаш има по некоја иронична забелешка за истите.
Мислам дека всушност е забавен дечко со смисла за хумор но неговата резервираност не дозволува да се покаже во вистинско светло.
Кога завршува со своите љубовни изјави и саркастичните коментари низ темите, можеме да го забележиме во оние интернет теми, хардвери,софтвери... Секогаш тука, да помогне на нас обичните смртници кои креваме паника и за еден обичен проблем.
Се нервира кога знае дека е во право а кога некому неможе да му го докаже тоа. Изгледа новото негово мото треба да биде : Не расправај се со будалиот, луѓето можеби нема да ја препознаат разликата :) .
Го нервираат и трендовите на новите генерации и неквалитетната музика. Често знае јавно да го критикува тоа.
Перфекционист и главен поборник за правилно испишување на зборовите во македонскиот па дури и англискиот јазик. Сега трема ме фати да не имам некоја забегана В во сфатив :).
Во суштина тоа е тоа. Интелигентен и заљубен. Со убав вкус за музика. Гурман и обожавател на коцки (рубикови). :zelen
 
Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Луѓе како може да ви направи некој психоанализа врз основа на мислењата, тоа тешко се прави и кај личност што ја знаете па не вака виртуелно.
Не може секој да направи психоанализа, многу е тешко, тоа стручни лица ја прават тешко и пак е прашање дали е точна, а не па како вас лаици.
"Психоанализа" повеќе би и прилегал наслов како "Претпоставка" или "Опис"за личноста на некој член.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Па добро, сигурно и никој не очекува стручна психоанализа тука на форум. Сепак ова е за забава :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Луѓе како може да ви направи некој психоанализа врз основа на мислењата, тоа тешко се прави и кај личност што ја знаете па не вака виртуелно.
Не може секој да направи психоанализа, многу е тешко, тоа стручни лица ја прават тешко и пак е прашање дали е точна, а не па како вас лаици.
"Психоанализа" повеќе би и прилегал наслов како "Претпоставка" или "Опис"за личноста на некој член.
Зашто да не може, не треба да ја имаш личноста пред тебе за да ја анализираш. Баш преку мислењата може многу повеќе да се анализира некоја личност него ли кога очи во очи се зборува со истата.
Знам дека повеќето лажат и наводно не се прикажуваат такви какви што се во реалноста но колку и да се лаже и крие не можеш на интернет да бидеш една личност, а во реалноста друга. Исти сме си само некои повеќе храброст имаат во виртуелниот, а некои во реалниот живот, е има и некои што немаат храброст ни ваму ни таму, а има и некои што растураат и во виртуелниот и во реалниот живот. Така да се што пишуваме на форумов (мислам за посериозниве теми) го пишуваме врз база на личното искуство, тоа што го знаеме и правиме. И мислам дека тоа е доволно за да се анализира една личност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Y1K991