Оф, мило...анализа ќе добиеш секаде освен во темава, неретко дури и без да ја бараш...ама да не ти давам лоши идеи.
Нејсе, да не останам само на горнава реченица, ќе се обидам да го сумирам мојот форумски впечаток, базиран на она што го имам прочитано од тебе.
На моменти ко да се потчитнувам себе во оние најкревки години. Често нагласуваш дека никој не те разбира и дека се сметаш за чудна, поразлична личност, но, вистината е дека не е така, само уште не си ги нашла на тебе сличните. Го знаеш она кога ти фали самодоверба т.е. прифаќање и поистоветување со врсниците, но истовремено мислиш дека си подобра/позрела/поразлична од нив? Таков некој впечаток добивам, но тоа е сосема нормално за тие години и е секако подобро од нос во облаци. Сакаш да комуницираш, но на моменти ко да ти недостига потврда од други членови за да започнеш, па целиш кон она што браќа Амери би го нарекле common ground т.е. муабети за кои е јасно дека мнозинството го дели истиот став, или општи, хумористични теми прифатливи за сите, но тоа веројатно се должи на фактот што си релативно нова, па не сакаш да оставиш лош впечаток. Ама, кога нешто ќе ти ја премине границата на толерантност, знаеш да се опуштиш и да си го пуштиш издувниот вентил, па да си кажеш што ти стапнало на нерв.
Ако треба да ти бирам аватар или заштитен знак, би ти ја избрала омилената мандарина. Баш е таква жива, свежа и кревка ко девојче на твои години и знае да биде киселка или блага во зависност од условите. Ми се допаѓа што забележувам дека покажуваш примеси на the dark side, па сметам дека од тебе ќе се развие остроумна девојка...само внимавај тоа да го правиш со доза умереност. Во спротивно, ќе прераснеш во намќор ко мене.
Сори ако е недоволно или неточно, но тоа е само некој мој основен впечаток што го имам стекнато од прочитаното.