епа ај и јавно да се пријавам дека сакам да бидам психоанализирана од "гатачот" -
The_Mayor
"гатачот, а"? Сега ќе видиш ти.
Скарлет Џохансон ќе биде анализирана според нејзините мислења во подфорумот Љубов аххх љубов и секс уффф секс уффф, а гледањето ќе биде извршено со пердув од мајски петел и телефонски именик од времето на ЈНА како стручно помагало и многу битен препарат за луѓето како мене, кои ја разбираат нумерологијата.
Како шо гледам тука во имеников Скарлетка е родена за време на невреме односно пред хипер инфлацијата итоа верувале или не на самиот ден за нова година, при што многу луѓе се збунуваат и наместо среќен роденден догодина повесели и порадосни, и честитаат среќна нова година голема да растиш.
Името Скарлетка потекнува од старо грчкиот збор Скар што значи скара, и Летка што значи лето...така да сето тоа асоцира скара на лето + пиво скопјанско прибидејќи затоа што е од столицата Скопје (ама не е шмизла, мајкеми)... односно името е адекватно на нејзиниот карактер што објансува дека е голема домакинка, знае да прави скара, мешана скара, скара на ражен, скара на жар, електрична скара, и скара триангл- тоа ти е еден тријаголник и на него се реди решетка па се премачкува со брилијант зејтин или по охридски масло, за да изгледа брилијантно...а после готвењето може да се искористи како придружен инструмент за време на живата музика која ја организирале сите роџаци, пријатели, другарици и други.
Овој пердувов гледам се ниша нешо, ама сигурен сум дека означува некој патоказ и симболизира авантуристички дух, како старите наши предци индијанците и нивниот главен претставник Индијано Џонс, односно брачедму на Џонсон Контролс, што имплементира една многу голема голема голема кариера во истоимената компанија како главен и одговорен референд по икономија, вероватно ќе ја пуштаат со благи и привремени закани да ги заплашува должниците на ова АД односно корпорација.
Друго како шо гледам на љубовен план ова перото ми меша бои, ако го искубам како го детелина сигурен сум дека ќе испадне го сака или не го сака, али јас такви ризици нема да си превземам прибидејќи
и не само прибидејќи туки и затоа што.
И ако се прашувате од кај јас толку многу информаци за чупево од скопје...ам вие не знајте дека таа 32,4% е моме охриѓанче... а тоа само јас го знам