Според амандманот на законикот од министерството за односи со јавноста од правниот законик под член 69 со подставка 7 заокружен со декрет, кој гласи:
министерот е должен, секоја негова нова или неодамнешна девојка, која ја упознал во ПП или ин риал лајв, која ја допрел за задник или тоа го планира, задолжително да и навлезе во психологијата, психата, психофизиката, метереологијата, зоографијата и притоа својот став да го искаже на зададената тема : психоанализа на форумџии.
Оваа ПсихоФизоАнал иза е посветена на женами со реден број 6 (леле колку е ѓаолски бројот
)
alba .
Како што гледам овде на мутериве во вазнава (многу јасно се гледа, како ден е јасно), женами е склона кон сите пороци...вероватно затоа и ме привлекува. Како порок од старт низ мутерот без штраф гледам обожава да гледа порниќи од тие содржинските и со повеќе луѓе, на пример 6 и ниту еден од нив не е статиста или камерман или осветлување. Еве тука се познава најдобриот порниќ што го има гледано е во една просторија (бајаги голема), каде едни двајца костимосани во зелени сакоа, кафеави кондури, жолти кошули, црни пантолони и розе кравати- како шеици си седат и си пијат некој чај во бели порно филџани, а чајот е од оние што не е ни хибискус од нане, ни јаболко без цимет, туку е од тревки највероватно мајчина душица комбиниран со планински. Како втора сцена се 3 те жени од кои само едната има големи босици такозвани цицки или на англиски титс, односно тит's што во превод значи цензура тииит и наставката ЕС што означува трето лице еднина само како камуфлажа на тииит, вероватно зошто е срамен зборот. Ете тука на мутерот со широк навој објаснува дека е есен што одма ме асоцира дека прават некоја зимница, само не сум сигурен дали е лутенка или ајвар при што во најеротските ставови и најсексибилните позиции ја држат таа летвата за мешање кружно и испрекинато во огромното тенџере. Во меѓувреме еден маж и една друга жена многу блиски пријатели на горенаведените актери, ја истураат ланската туршија во канализацијата близу магистралниот пат, што воопшто не е еротски туку само како предигра на главната случка што треба да се деси...односно тука е пристапот каде мажот ќе и рече: душо издржи после дождот, сонце изгрева/ сега е лошо и ти се повраќа, после ќе е добро, и ќе ти се смее и така натаму , и од тука започнуваат сите срамни работи, но јас ќе прекинам и ќе го извадам мутеров од вазната бидејќи нешто тренеркиве почнаа да ме стегаат на половинава... а сигурен сум дека не ми се мали.
Мутерот 2ка со тесен навој овјаснува за уживањето во коктели, долгите и зимски прошетки по правите патишта на Крива Паланка, уплаќањето во кладилница со невероватни коефициенти од 5,50 нагоре каде уплатата е извршена за едно евро и се чека добивка поголема од 500 марки во денарска против вредност, расфрлањето пари по шопинзи и купување на екстравагандна облека од дизел (не дизел вашингтон или вин дизел) туку фирма дизел, долче и габана, најк, астибо, отекс и ред други колонијали ширум Скопје, но сето тоа резултира грандиозна прошетка- зачекорување по плоштадот во истоимениот град и ваѓање квалитетни фотки заедно со спомениците и директен аплоад на вејзбук, како што има една фотка со раширени раце под статуата на Алексо Македонски каде се обидува да ги допре мадината на Букефал која и донесе невероватни 285 лајкови и 13 коментари од најблиските ние.
Да не должам многу, ќе кажам дека е еснаф моме со префинет вкус бидејќи ме одбрала мене за нејзин форумски сопатник, а не како мелопомена што не сака да учествува во 3ка, сака само со трајче и бившиот госпот. За другите домакински работи, како пеглање, перење, смукање, бришење прашина, копање леи, туркање неисправна кола, турпиосвење нокти и ред други активности капа и спуштам, врата и отварам, и ја бакнувам во чело.