Препораки за филм (општа)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Што ќе се добие ако се земат Блиски средби од трет вид, Контакт, некои епизоди од Др.Ху, малку арома од Одисеја 2001, Планета на мајмуните и Рајт Стаф и сето тоа се стави во блендер и се измеша?

Интерстелар :D

За овој филм имаше мега-хајп, не на ниво на Титаник ама прилично јак хајп и после гледањето можам да кажам дека хајпот е заслужен (како шо беше и за Титаник).
Иако ако се погледа сегментарно, делови на филмот потсетуваат на други филмови но целината испаднала феноменално.
Пред се` е визуелно-звучно уживање, во втор план е сценариото (ако може така да се каже), и еден од филмовите кои оставаат aftertaste. повеќе сај него фај, опфатено е се што може да се побара од ваков филм и за чудо, после 3 часа ми фалеше барем уште половина час па дури и час, не сакав да престане. :)

Very good stuff, погледнете го и ако не сте фанови на жанрот. По можност сами и без пуканки и грицки, не е од тие филмови за друштво/женска/пуканки...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173

Сакам сајфај, го гледав у кино и не ми беше ништо посебно. Добар филм - да, ама далеку од хајпот по соц. мрежи и форуми.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сакам сајфај, го гледав у кино и не ми беше ништо посебно. Добар филм - да, ама далеку од хајпот по соц. мрежи и форуми.

Се плашам да помислам каков ти е стандардот за `нешто посебно` во врска со филмови ако Интерстелар не ти е нешто посебно... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Интерстелар филмиште ипол. Не сум доволно добар да ви доловам со зборови, па затоа изгледајте го!
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Заслужен хајп покрај Виплеш и Брдмен, наспроти I origins и Boyhood.
Глумата пред се`, space-as-final-frontier тјунот као да се осеќаш дека си еден од нив, визуелни ефекти... Се глеа дека сериозно е напраен проектов. Ќе си го пуштам утре Одисеја 2001 онака потсетување после 15 години = 2hrs on tthat planet.
 
Marijan

Полноправен Член
6 април 2015
25
3
13
29
bitola
TAKEN гледајтего ..нема да зажалите :) уште ко ке слушните дека е со лијам нејсон треба да знајте дака е преубав ..се работи со киднапирање ова она ..НАЈЈАКИОТ ФИЛМ :) (3 дела има )
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
hachiko_poster_big.jpg

Дефинитивно најдобар филм. Направен по вистински случај за животот на кучето Хачи, за неговата лојалност и посветеност спрема сопственикот. Професор Паркер Вилсон го наоѓа малото кученце на железничката станица, на која што секој ден патува до работа и назад. Во неуспешен обид да го пронајде неговиот сопственик решава да го задржи кај него. По две неразделни години Професорот успева да го научи кучето секој ден да го испраќа и причекува на железничката станица но еден ден професорот не се враќа, добива срцев удар и починува но кучето не се откажува и продолжува во наредните 10 години да го чека на истото место неговиот сопственик да се врати.

Инаку за ова куче имаат направено и споменик на местото на железничката станица кај што го чекало својот сопственик, еве и слика од вистинскиот Хачи.
Hachiko.JPG

Тие со послабо срце нека ја рипнат сцената со средбата на кучето и жената на професорот после 10 години на железничката станица, не сакам да ги мислам доста емотивна сцена е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Еден ден решив да видам дали има филм со моето име. Пробав прво на имдб ништо, пишав на замунда ми даде редица филмови за +18 :D па си реков не е можно само такви филмови да има ќе барам на јутуб ама ни таму не добив некој подобар резултат освен што беа индијски. :D Па пишав и на google и ми даде еден филм го најдов некако на youtube, почнав да го гледам и не зажалив.
Станува збор за еден најверојатно Шпански филм "Анита".
18438.jpg

Во филмот станува збор за животот т.е за еден период од животот на девојката Анита која боледува од Даунов синдром. Живее со мајка и која и воедно се грижи целосно за неа, имаат книжарница од која опстојуваат. Но еден ден во местото кај што живеат пука бомба и мајката умира, а девојката се губи. Таа нема појма ни дека е мртва мајка и, ни дека воопшто пукнало бомба, единствено нешто на кое што се сеќава е нејзиното име. Многу емоционален и реален филм посебно кога ги опишуваат сцените со однесувањата на "нормалните" луѓе спрема тие со даунов синдром. Во филмот девојката ја исмејуваат, одбегнуваат, навредуваат но има и такви кои и помагаат и ја згрижуваат за кратко.
Вреди да се погледне само има еден проблем не може никаде да се најде торент за да се симне, а тој на јутуб што е, е без превод. Ја сепак ќе ви дадам линк од јутуб пошто тешко се наоѓа ради тие +18 видеа т.е филми :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono