1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Препораки за филм (општа)

Дискусија во форумот 'Филм' започната од The Tramp, 28 февруари 2012.

  1. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    За фановите на филмови со кршење кичми, Универзален војник серијалот, има шест дела, глумат Ван Дам и познатиот шведски актер Долф Лундгрен, познат по своите изведби на високозахтевни емоционални улоги и хамлетовски дилеми :D

    [​IMG]

    Двајцата играат кибернетски огранизми, нешто дали беа на умирачка во Виет Нам или веќе покојни па им беа вградени делови за надградба при што станаа делумни машини, киборзи. Така створените супер-војници кои скоро ич не се заморуваат, малку спијат и јадат а многу кршат кичми но сепак се луѓе во основа и почнуваат да мислат со своја глава што ги носи во проблеми, после судбината ги врти еден против друг, се појавуваат и други киборзи и така...
    Лундгрен изговара по 3,7 збора по филм, на лош англиски и со некој метален призвук, која креатура :patos
     
  2. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    The Impossible
    http://www.imdb.com/title/tt1649419/

    Вистнска приказна за едно петточлено семејство кое се наоѓа во погрешно време, на погрешно место. Патувањето кое треба да им донесе убави моменти, ќе се претвори во најголем кошмар. Погодени од цунами, сами, повредени и на различни страни-исфрлени од водата далеку едни од други ќе доживуваат вистински пекол и огромен страв и незивесност за животите на своите најмили.
    [​IMG]
    Филмот (баре за мој вкус) толку е добро направен, ефектите се толку неверојатни што ќе се осеќате ко вас да ве погодило цунами. А тажната приказна па ќе ја доживувате како на своја кожа и дефинитивно ќе сочуствувате со главните ликови. Naomi Watts дефинитивно и тука ми докажа дека заслужува да ми биде омилена.

    Знам дека ќе ви се допадне, посебно ако сте емотивец и сакате вакви филмови. А и да не сте ќе се растревожите. Добар е, и тоа што е според вистинска приказна прави уште повеќе да се внесеш во него и се на се ќе ви бидат добро потрошени 115 минути. Еве јас ви ветувам! :)
     
    На MoonFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Ме мрзеше рецензија да пишувам, па затоа само препорака.

    Life of Brian
    http://m.imdb.com/title/tt0079470/

    Комедии ретко гледам но вака не сум се смеел одамна. Легендарна комедија, која ќе ве изнасмее. Филм полн со религиска сатира на која не може да се остане сериозен. :)
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Life Is Beautiful (La vita è bella)
    http://www.imdb.com/title/tt0118799/?ref_=nv_sr_1

    Филмов... Штета е ако сте го пропуштиле.

    Еден весел, оптимистичен, оригинален и позитивен евреин со гоолемо срце го живее својот сон со својата љубов и синот додека со синот не бидат заробени во концентрационен логор. Покрај пеколот кој го доживува во логорот, тој мора и да ги искористи своите карактерни особини спомнати малце погоре, за да му го олесни престојот на малото синче...

    Јас ги сакам филмовите за втората светска војна и за евреите, ама филмот не е само уште еден тажен филм за нив. Ова е ремек дело за големината на човековото срце и никако никако никако не смеете да ми го игнорирате постов и да не го изгледате филмов. Прво слатко ќе се изнасмеете, па ќе си ги воздржувате солзите, ќе липате, ќе се смеете, ќе се смеете со солзи и на крај задоволни ќе го предложите филмот на друг :D
    Гооолема 10ка!
    И посебна препорака за @LittleButterfly и @violetmoon мислам дека ептен ќе ви се допадне ако не сте го гледале одма седнувајте му : )
     
    На Tantara, violetmoon и MoonFairy им се допаѓа ова.
  5. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,276
    Допаѓања:
    1,897
    Еее со Бенини...сум го гледала пред неколку години...навистина е многу добар...
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aristokrat

    Aristokrat Староседелец

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    2,655
    Допаѓања:
    3,335
    Fury 2014

    Главна улога Бред Пит кој скептично го гледав мислејќи дека нема врска од глума...пријатно се изненадив колку добро изглуми.
    Дејствието е втора светска војна....американците 1945 влагаат на германска територија и се наѕира крајот на војната.Бред Пит со неколку војници се наоѓаат во тенкот Fury.
    Во ниеден момент не е досаден,има интересно дејствие и поинтересен крај.
    Од 1 до 10 од мене има 8,5.
    Трае 2 саата и 15 минути ама нема да осетите кога дошол крајот.
     
  7. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Ај кажете некој филм. Да биде највеќе до 1990та, да нема никакви акции ни љубовни причи, да биде напнат, со што помалце места на дејствие, по можност да е трилер/мистерија, да е по малце чуден, несекојдневен, зафркнат :zelen Ликот нека има паранои, шизофрении, стравови, трауми некои такви работи...
     
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Последно време сум по `70`s филмови а има еден со такви карактеристики какви шо бараш -
    http://www.imdb.com/title/tt0077745/

    Не знам дали постои попараноичен филм (party), можеби арлингтон роуд до некаде е на тоа ниво...
     
  9. Хоуп*

    Хоуп* Proton
    Член на администрација

    Зачленет на:
    4 април 2013
    Мислења:
    2,414
    Допаѓања:
    4,232
    Ама да не е хорор. :(
     
  10. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Не е хорор воопшто, не знам зошто е така класифициран, нема никаква допирна точка со тој жанр...нема моторни пили, крвишта, црева, духови, демони, ништо од тоа...
     
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: